fbpx

„Вип“ се ребрендираше во „А1“ – компанијата ветува големи и суштински промени

-

Од денеска, телекомуникациската компанија „оне.Вип“ стана „А1 Македонија“ а брендот „Вип“, станува „А1“.

„Вип“ го претстави новиот бренд на компанијата „А1“, консолидирајќи ја својата позиција во рамките на групацијата „А1 Телеком Австрија“, присутна во седум земји во регионот.

„Нашата визија како „А1“ е да бидеме партнери во дигитализацијата на македонското општество, да го поттикнеме дигиталниот начин на живеење и да бидеме водич за нашите корисници во оваа наша дигитална ера на нови технологии. Брендот го градиме како силен, модерен, отворен и креативен бренд со кој креираме нови приказни и отвораме нови светови. На корисниците им овозможуваме заедно да ги креираме искуствата според нивните потреби, што ќе придонесе за поквалитетен начин на живот во дигиталното време“, изјави извршниот директор на „А1 Македонија“, Мислив Галер.

Од компанијата соопштуваат дека зад промената на брендот и името стои многу поголема и суштинска промена која ќе влијае врз сите сегменти од работењето, и подразбира најмодерна оптичка инфраструктура, мобилна мрежа од новата генерација како и подготвеност за 5Г-технологија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бизнис идеите на младите презентирани на првиот ден од Стартап Викенд Охрид

Викендов, од 26 до 28 април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, настан кој е најголем од ваков тип во државата, а кој започна вчера попладне и...