fbpx

Видео од филмска сцена злоупотребено да се прикаже револт на работници кои не зеле плата

-

Не е точно дека видеото прикажува револтирани работници кои одлучиле да го демолираат автомобилот на својот газда бидејќи не им дал плата. Видеото е дел од сцена на филмот „Бистра вода“ кој се снима во Скопје. Извршниот продуцент на филмот на  Дејан Милошевски на Фејсбук објави фотографии од снимањето на оваа сцена, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук тврди дека граѓани „ја земале правдата во свои раце“ и демолирале автомобил на газда кој не дал плата.

Ако нема плата, стапот во рака: Народот ја презема правдината, среде бел ден во Скопје се демолира автомобил – „За газдата што не дава плата“, стои во објавата што ја рецензираме.

Постот споделува и напис во кој е пренесено видео од настанот споделено на социјалната мрежа Твитер.

На видеото се гледа како две лица кршат автомобил на паркинг, а во описот пишува:

Припрема за газди што не даваат плата. ПС, а за чиновничиња и министерчиња што сега глумат големи газди ќе се снима нов филм

Но, за што всушност станува збор?

Не е точно дека видеото прикажува револтирани работници кои одлучиле да го демолираат автомобилот на својот газда бидејќи не им дал плата. Видеото е дел од сцена на филмот „Бистра вода“ кој се снима во Скопје. Извршниот продуцент на филмот на  Дејан Милошевски на Фејсбук објави фотографии од снимањето на оваа сцена:

Очигледно е дека видеото е злоупотребено и ставено во погрешна конотација со цел да се предизвика реакција во јавноста. Медиумите често пренесуваат објави од социјални мрежи без притоа да ги проверат информациите кои ги објавуваат. Имајќи ги предвид горенаведените факти, можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме е невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...