fbpx

Вечерва свечено отворање на  Струшките вечери на поезијата

-

Вечерва,од 20.30 часот, пред платото на Домот на поезијата во Струга, свечено ќе бидат отворени Струшките вечери на поезијата.

Покрај традиционалното читање на „Т`га за југ“, годинава поетско послание ќе има познатиот сириско-либански поет Адонис, кој ќе се обрати во име на сите поети учесници и лауреати на Златниот венец.

Веднаш по отворањето ќе се одржи меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“, а по настапот на групата „Фолтин “ ќе има поетско читање на учесниците од поетската платформа „Версополис“.

Претпладнево  во Паркот на поезијата ќе биде засадено дрво и ќе има поетско читање во чест на добитникот на „Златниот венец“.

Годинешен добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, е кинескиот поет Беи Дао. Tој и во 2003 година беше учесник на фестивалот.

– Дефинитивно наградата е многу важна за мене, но многу поважен е поетскиот фестивал кој продолжува да влијае и да ги оформува луѓето. Ова е еден од најстарите поетски фестивали во светот – изјави Беи Дао по пристигнувањето во Струга, изненаден дека, како што рече, толку мала држава може да има толку големо и длабоко влијание во светската поезија.

Градоначалникот на Струга, Зијадин Села најави дека и оваа година ќе ги бојкотира Струшките вечери на поезијата, а причината за тоа е дека фестивалот нема да биде отворен на албански јазик.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...