fbpx

На СВП учество најавија 40 поети од 25 земји во светот

-

На престојните, 54. по ред, Струшки вечери на поезијата, кои ќе се одржат од 26 до 31 август во Струга, ќе учествуваат повеќе од 40 поети од 25 земји во светот, информираше директорот фестивалот, Мите Стефоски.

Учество најавија познати имиња во современиот поетски свет од Шпанија, Шведска, Индија, Германија, Норвешка, Австралија, Чиле, Јапонија, Израел, Словачка, Русија, САД, Либан, Мексико, Молдавија и од други земји. На денешната средба со новинарите, Стефоски истакна дека покрај традиционалното отворање на фестивалот со читање на „Т“га за југ“ на Константин Миладинов, поетско послание ќе има познатиот сириско-либански поет со светска слава Адонис.

– СВП ќе ги отвори Адонис со поетско послание. Ден претходно неговата поезија ќе биде претставена на посебно изградена сцена во близина на плажата „Галеб“. Тоа ќе биде поимпознантна сцена, која ќе биде користена и за „Ноќите без интерпункција“, за програмата „Кругови“ и за поетските портрети – рече Стефоски.

Покрај поетските читања во Струга и Охрид, годинава за прв пат поетите ќе имаат можност да ја претстават својата поезија и во Ресен, Битола и Скопје, а новина се и поетските портрети, каде неколку значајни имиња ќе се претстават со поетско читање.

Традиционално на затворањето на манифестацијата „Мостови“ ќе бидат врачени наградите „Златен венец“ на кинескиот лауреат Беи Дао, „Мостови на Струга“ – за дебитантска поетска книга на млад странски автор, на Паола Бозалонго од Шпанија и на македонскиот поет кој ќе ја доби наградата „Браќа Миладиновци“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...