fbpx

В недела бавна трка со мотори организирана од мото клубот „Вепар“

„Правилата налагаат учесниците да не смеат да одат надвор од обележаната траекторија, а не смеат ни да допрат со нога на земја. Учесникот кој последен ќе ја помине целта е победник“, велат од мото клубот „Вепар“

-

Под мотото „Не е сѐ во брзината!”, в недела ќе се одржи бавна трка со мотоциклисти. Како што информираат организаторите, мото клубот „Вепар“, оваа трка се организра по шести пат, а ќе се одвива во четири категории – мотоцикли до 50 цм3, мотоцикли од 51 до 500 цм3, мотоцикли од 501 цм3 до 1.000 цм3, како и мотоцикли поголеми од 1.000 цм3.

„Трката ќе се одвива на начин на кој истовремено ќе се натпреваруваат по двајца учесници по систем на елиминација. Победникот продолжува со натпреварување. Победник е оној кој поспоро ќе стаса до целта. Правилата налагаат учесниците да не смеат да одат надвор од обележаната траекторија, а не смеат ни да допрат со нога на земја (со самото допирање се елиминира од трката). Учесникот кој последен ќе ја помине целта е победник“, информираат во мото клубот.

Главната точка на оваа манифестација е бавната трка од едуктивен карактер којa има за цел да ја подигне свеста на сите учесници во сообраќајот, особено мотоциклистите, укажувајќи на потенцијалната опасност од управување со голема брзина.

Сите заинтересирани за учество во мото трката можат да се пријават на штандот пред патеката во просториите на клубот на Илинденска во Карпош 4, помеѓу 10 и 11.30 часот на денот на настанот.

„Пријавувањето е од 10 до 11 и 30 часот, а трката официјално започнува во 12 часот. Во 14 часот ќе има забавна програма со музика, скара, пиво и дружба. Учеството е бесплатно“, се наведува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...