Уште 455 нови зборови додадени во октомври во речникот на „Мириам Вебстер“

Реномираниот американски речник што го издава компанијата Merriam Webster додаде 455 нови зборови и дефиниции изминатиот месец.

„Како што јазикот не престанува да се развива и обновува, така речникот не престанува да се проширува“, пишуваат на својот веб сајт од компанијата.

Додадените зборови и објаснувања во англискиот јазик припаѓаат на неколку категории. Почнувајќи од онлајн развиениот комуникативен систем до зборови произлезени од пандемиолошката состобја предизвикана од коронавирусот.

Фразата Digital nomad што се реферира кон личност која преферира живот базиран на работа преку интернет, истовремено користејќи ја таа можност за да патува; некој што нема трајна адреса.

Зборот Amirite означува „дали сум во право“ анг. (Am I right?) и се користи на крајот од реченицата кога се објаснува нешто.

Breakthrough medical – се мисли на инфекција кај некој што е целосно вакциниран против одреден вирус; вообичаено пред некоја именка како: “breakthrough cases”, “breakthrough infection”.

Vaccine passport – документ кој ја докажува примената на имунизација против повеќе или еден вирус или инфективни болести.

Во областа на науката и технологијата исто така се додадени нови зборови.

Bit rot – тенденција за дигитална информација да нема можност да се користи на одреден временски период. Со користење на овој збор се дава значење дека некоја дигитална фотографија, документ или аудио снимка нема можност да биде отворена.

Copypasta – поголем пасус на текст кој што е копиран и поставен вирално на интернет.

Doorbell camera – збор кој припаѓа во категорија на заштита на домовите; мала камера која е за надворешна употреба и се прикачува на ѕвонче и вообичаено има вградено микрофон и звучник.

Goetta е збор додаден за употреба во областа на храна што означува месо мешано со овес, кромид и зачини и испржено.

Horchata – пијалок направен од ориз со арома на ванила или цимет.

Зборови се додадени инспирирани и од областа на поп музиката, политиката, медицината, спорт, бизнис.