fbpx

Уапсен скопјанец кој се борел за ИД во Сирија

-

Министерството за внатрешни работи уапсило 21-годишниот скопјанец со иницијали С.Р., осомничен дека во два наврати патувал во Сирија како припадник на Исламска држава (ИД), соопшти денеска МВР.

Скопјанецот, според Mинистерството, пред неколку недели, по илегален пат се вратил од Сирија во земјава, по што бил лоциран од МВР, а потоа и уапсен по налог на Јавен обвинител.

Против него е поднесена пријава за кривичното дело „учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“.

„Според сознанијата пријавениот бил припадник на ИД и првото заминување за Сирија го остварил во првата половина на 2013 година, додека второто илегално заминување за Сирија го остварил во октомври, минатата година. Пријавениот пред неколку недели илегално се вратил на територијата на Република Македонија по што од страна на Министерството за внатрешни работи беше лоциран и по налог на Јавен обвинител лишен од слобода“, велат од МВР.

Скопјанецот е уапсен во рамките на оперативната акција на МВР, под името „Ќелија“ која почна на почетокот на август годинава, како резултат на повеќемесечна координирана истрага во која беа собрани докази за лица кои учествувале во паравоени формации, собирале финансии и поттикнувале лица да се приклучат на терористичките групи.

Во рамките на акцијата, меѓудругото, беа извршени и 28 претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...