fbpx

Турција стравува од нови терористички напади, прогласена е состојба на зголемена готовност

-

Состојба на зголемена готовност е прогласена во Турција по добиените разузнавачки информации дека се можни терористички напади во земјата.

Како што пишуваат турските медиуми, разузнавачките служби откриле двајца осомничени што илегално влегле во Турција со намера да извршат терористички напади.

Разузнавачите дошле до сознанија дека уапсените требало да се сретнат со неколкумина сириски државјани во округот Караманмарас, во југоисточниот дел на Турција.

Поради ваквите сознанија, разузнавачките служби побарале од турските безбедносни сили да ги засилат безбедносните мерки на територијата на целата држава.

Во последниве неколку месеци во повеќе турски градови, меѓу кои и Анкара и Истанбул, беа извршени терористички напади со голем број човечки жртви.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...