fbpx

Турција ги извлекла своите војници кои го чуваа гробот на Силејман-шах во Сирија

-

Турската армија синоќа во Сирија извела голема воена акција и без борба ги извлекла четириесетината турски војници кои го чуваа гробот на Сулејман-шах, на подрачјето кое го контролира терористичката организација Исламска држава (ИД).

Одлуката за воената акција била донесена поради заострената состојба околу турската енклава од неколку стотини квадрантни метри, каде почиваат посмртните останки на Сулејман-шах, дедото на Осман Први, основачот на Османлиското Царство, рекол турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Во рамките на акцијата, на сириска територија влегле 40-тина тенкови и повеќе десетици оклопни возила, додал Давутоглу.

Тој изразил задоволство од успешниот исход на воената акција, која била многу опасна и се одвивала на околу 30 километри во сириска територија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...