fbpx

Турската војска ги стави во готовност копнените и воздухопловните сили

-

Генерал-штабот на турските сили побарал од копнените и од воено-воздухопловните сили да бидат во состојба на готовност по мерките објавени од руското министерство за одбрана, откако турски авион собори руски авион на сириската граница, објави „Си-Ен-Ен Турк“.

Рускиот ракетен брод „Москва“, исто така, е на воено дежурство покрај брегот на Латакија.

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, на состанокот на неговата партија рекол дека Анкара ја смета Русија за свој пријател и сосед и дека не сака да ги прекине врските со Москва по инцидентот со соборениот авион.

– Ние немаме и не можеме да имаме намери да ги прекинеме врските со Русија по овој инцидент и да се наоѓаме во состојба на напнатост. Русија е наш пријател, сосед и многу важен партнер. Билатералните односи не можат да бидат жртвувани. Сега сите канали за комуникација се отворени, ние меѓусебно им придаваме голема важност. Но, сакам да нагласам дека во поглед на обезбедувањето на националната безбедност, какви било односи, па дури и многу пријателските, мораат да се засноваат на почитување на правото на секоја земја да ја брани својата територија – изјави Давутоглу.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...