fbpx

„Цивил“: МВР да ги спречи нападите врз новинари, активисти и врз јавни личности

-

„Цивил“ – Центар за слобода го осуди физичкиот напад врз новинарот на Телевизија 24 во текот на протестите вчеравечер.

„Ова не е изолиран инцидент и станува очигледно дека насилството е дел од имиџот на протестите од самиот почеток. Се тепаат новинари кои ја вршат својата работа, да ја информираат јавноста за настаните. Се напаѓаат активисти за човекови права и јавни личности. Тоа е неприфатливо и мора веднаш да престане! „Цивил“ – Центар за слобода го повторува својот повик до МВР, веднаш да преземе итни мерки да го спречи насилството врз медиумските работници и воопшто“, порачаа од „Цивил“

Невладината организација ги повика граѓаните кои трпат притисоци да учествуваат во какви било политички активности против својата волја, случајот да го пријават во „Цивил“ на [email protected], на телефонскиот број 02 / 520 91 76 или на ФБ-профилот на организацијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ВИДЕО) Денот на Општина Тетово се одбележа со отпадоци и со депонии

Денес се одбележа денот на Општина Тетово, а повеќе од една недела градот се гуши во отпадоци и депонии расфрлани насекаде. Решение за овој проблем немаат ниту општинските власти,...