fbpx

„Транспарентност Македонија“: Партизација и непотизам се главни обележја на оваа власт

-

„Партизацијата на сите институции, непотизмот и кронизмот се главно обележје на владеење на власта во последните десет години, кога голем број блиски роднини, пријатели и партиски послушници се поставени на високи позиции во централната и во локалните власти, спротивно на антикорупциската регулатива. Голема одговорност за ваквото грубо кршење на законите има Државната комисија за спречување на корупцијата, која во целиот овој период ги „аминуваше“ ваквите коруптивни практики и не поведе ниту еден случај за утврдување одговорност на функционери од власта“, пишува во најновиот извештај за јуни на „Транспарентност Македонија“.

Во извештајот стои дека во јуни годинава се случиле повеќе настани во сферата на јавните финансии во Република Македонија, кои укажуваат на многу сериозни финансиски проблеми во кои се наоѓа државата.

„Така, очекувано беше високите буџетски трошења и високиот дефицит во државниот буџет да се финансираат со нова емисија на еврообврзница, бидејќи буџетските расходи не можат да се финансираат од редовните приходи и од домашни задолжувања. Потоа, долгогодишниот министер за финансии Зоран Ставревски поднесе оставка („од здравствени причини“), а најавената емисија на еврообврзницата се зголеми од предвидените 270 на дури 600 милиони евра! Некако во исто време, Меѓународниот монетарен фонд ја затвори канцеларијата во Скопје, а Европската Унија најави и ги намали средствата од ИПА-фондовите наменети за Македонија“, се вели во извештајот.

Од имотниот лист на судијата Александра Поп-Стефанија, која сé уште се води како судија во Основниот суд во Неготино, не може да се види каде таа живее, стои во извештајот на „Транспарентност Македонија“ со оглед дека од недвижен имот пријавила куќа на родителите во Охрид, а таа од Неготино е префлена и суди во Основниот суд Скопје 1.

„Оттука, се поставува прашањето дали именуваната или нејзиниот брачен другар не поседуват стан или куќа во Неготино и каде Поп Стефанија живее во Скопје, каде што моментно работи? Дали оваа судијка „заборавила“ да пријави недвижен имот во Неготино и во Скопје или можеби живее под закуп?“, стои во документот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...