fbpx

Торес се враќа дома во Атлетико

-

Фудбалерот на Милан, Фернандо Торес, како позајмен играч ќе настапи за Атлетико Мадрид до крајот на сезоната 2015/2016, соопшти денеска шпанскиот шампион.

Торес ги договори условите за враќање во Атлетико, седум и пол години откако го напушти стадионот „Винсенте Калдерон“.

Триесетгодишниот Торес во 2001 година ја почна кариерата во Атлетико, од каде, по шест години, замина во Ливерпул. Тој во 2011 година премина во Челси, а на крајот на август годинава отиде на двегодишна позајмица во Милан.
Торес во саботата дефинитивно го напушти Челси, по што договорено е, како фудбалер на Милан, да премине во Атлетико како позајмен играч. Торес ќе подлежи на лекарски прегледи, пред договорот да биде официјализиран на 5 јануари, кога почнува зимскиот преоден рок, стои на веб-страницата на Атлетоко Мадрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...