fbpx

Тензично во Собранието: За малку избегната физичка пресметка Груевски – Џафери

-

Откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, почна да го чита текстот за да го стави законот за употреба на јазиците на дневен ред за гласање, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предводени од поранешниот лидер Никола Груевски се обидоа да го спречат Џафери да повика на гласање.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев бараше процедурално, но Џафери не му дозволи по што оголемиот дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ застанаа пред Џафери и викаа „процедурално“.

Поранешниот премиер Груевски застана директно пред Џафери, удираше по масата, по ѕвончето, му го мрдаше микрофонот и му ја истури чашата со вода. Потоа тој се качи зад Џафери и му го исклучуваше микрофонот.

Џафери даде 15 минутна пауза . Додека излегуваше од салата кон него се приближи Груевски, но обезбедувањето на Собранието спречи физички контакт.

Претходно Данев апелираше до Џафери да го почитува Уставот и да го применува Деловникот.

– Поднесовме писмо со кое бараме да се разгледаат сите поднесени амандмани, бараме да заседава Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања и таа да даде свое мислење за прекршување на деловникот. Мислам дека ова е фер понуда и знам дека пратениците од владејачкото мнозинство дека нема да го гласаат законот по нивна волја. Одговорноста е ваша и јас сум убеден дека ќе му дадете можност на законот и деловникот да бидат на прво место – рече Данев.

На ова Џафери му одговори дека на писмото ќе биде одговорено согласно Деловникот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре ќе бидат промовирани резултатите за отвореноста на извршната власт

Настанот „Посветеност кон отвореност за долготрајни успеси“ во организација на Фондацијата Метаморфозис, ќе се одржи утре, среда, со почеток од 11 часот во хотелот Холидеј Ин во Скопје. На настанот...