Тејлор Свифт ја поддржа Камала Харис за претседателка на САД

Пејачката во објавата се потпиша како „Бездетна жена со мачки“ (Childless Cat Lady), алудирајќи на коментарите на републиканскиот потпретседателски кандидат Ј.Д. Венс

-

Една од најпопуларните музички артисти во светот, Тејлор Свит ја поддржа Камала Харис за претседателка на САД. Во објава на Инстаграм неколку минути по синоќешната претседателска дебата, таа напиша дека кандидатката на Демократите ќе биде „воинот“ што ќе се бори за правата и каузите во кои верува.

„Како гласач, внимавам да гледам и читам сè што можам“, напиша Тејлор Свифт пред нејзината публика која брои 283 милиони следбеници на Инстаграм.

„Неодамна станав свесна дека вештачката интелигенција на која ‘јас’ лажно ја поддржувам претседателската трка на Доналд Трамп беше објавена на неговата страница. Тоа навистина ги поттикна моите стравови околу вештачката интелигенција и опасностите од ширење дезинформации. Ме донесе до заклучок дека треба да бидам многу транспарентна за моите актуелни планови на овие избори како гласач. Наједноставниот начин за борба против дезинформациите е со вистината“, пишува популарната пејачка.

Таа напиша дека ќе го даде својот глас за Камала Харис и Тим Валц на претседателските избори годинава.

„Гласам за Камала Харис затоа што таа се бори за правата и каузата за кои верувам дека е потребен воин за да ги брани. Мислам дека таа е стабилен, надарен лидер и верувам дека можеме да постигнеме многу повеќе во оваа земја ако нè води смиреност, а не хаос“, стои во објавата на Тејлор Свифт.

Пејачката во својата објава ги охрабрува обожавателите да се пријават за гласање.

На објавата се потпиша како „Бездетна жена со мачки“ (Childless Cat Lady), алудирајќи на коментарите на републиканскиот потпретседателски кандидат Ј.Д. Венс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

Сликата од објавата на Тејлор Свифт е со нејзината мачка Бенџамин Батон, една од трите што ги поседува пејачката.

Во 2021 година во телевизиска емисија, Ј.Д. Венс ги нарече претставниците на демократите во Конгресот и администрацијата на Џо Бајден „еден купи бездетни жени со мачки кои се мизерни за сопствените животи и изборите што ги направиле и затоа сакаат да го направат и остатокот од земјата мизерен“.

Инаку, некои од фановите на Свифт веќе почнаа да се мобилизираат за Камала Харис. Коалицијата „Swifties for Kamala“ од крајот на август до сега собра повеќе од 138.000 американски долари на виртуелен собир.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...