fbpx

Тамара починала од бронхопневмонија

-

По извршената обдукција на телото на починатата Тамара Димовска, Институтот за судска медицина потврди дека причината за нејзината смрт е бронхопневмонија.

„Во извештајот од обдукцијата, утврдено е дека причината за смртта не е сколиоза, туку бронхопневмонија, односно акутно воспаление на респираторните органи, а утврдено е и присуство на емфизем во белите дробови“, се вели во денешното соопштение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. „Првичните проверки и извршениот увид во електронскиот здравствен систем, покажуваат дека девојчето не било третирано, односно воопшто не посетило лекар, ниту примало одредени лекарства за бронхопневмонијата“, се наведува во соопштението. „Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе продолжи со испитување на случајот во рамки на своите овластувања и надлежности“, стои во соопштението. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...