fbpx
Таг: жртви

таг: жртви

СДСМ: Поплавите се случија само поради неодговорноста на Груевски и на Трајановски

Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, и Љупчо Николовски, член на извршниот одбор на партијата, денеска на прес-конференција обвинија дека поплавите што се случија на почетокот на минатиот месец, се случија поради неодговорноста на поранешниот премиер, Никола Груевски, и на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. - Наместо да се освести, Груевски упорно продолжува да го гради „тркалото на лудоста“ од 19...

Ден на жалост во Италија, бројката на загинати достигна 290 лица

Бројот на жртвите од земјотресот што во средата го погоди централниот дел на Италија достигна 290 лица, откако во текот на ноќта во урнатините на градот Аматриче пронајдени се телата на уште три жртви. Во Италија денеска е прогласен Ден на жалост, а одржани ќе бидат и првите погреби на жртвите. Претседателот на Италија, Џорџо Матарела, го посети Аматриче, градот во централниот...

Низа земјотреси во Италија во текот на ноќта, најсилниот 4,2 степени

Централниот дел на Италија во текот на ноќта го погодија низа нови земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала. Според податоците на американскиот геолошки завод, најсилниот земјотрес во текот на ноќта се почувствувал во 4.50 часот. Многу лица кои по разорниот земјотрес во средата останаа без своите домови, ноќта ја поминаа во шатори, додека доброволци...

Ренци: Бројот на жртвите од земјотресот достигна 120 лица

Премиерот на Италија, Матео Ренци, изјави дека во разорниот земјотрес што ја погоди Италија загинале најмалку 120 луѓе. Претходните проценки покажуваа дека 70 лица ги загубија своите животи во потресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, што го погоди централниот дел на Италија. Градот Аматриче во Централна Италија веќе не постои поради штетата нанесена од силниот земјотрес. По првичниот земјотрес следуваа и...

Се зголемува бројот на жртви по земјотресот во Италија

Бројот на загинати во земјотресот што го погоди централниот дел на Италија се зголеми на 38 лица, но новиот биланс на настрадни не е конечен, пренесуваат светските медиуми. - Моето место повеќе не постои, слушаме гласови под урнатините. Мостот што е во градот може да се урне – изјави градоначалникот на Аматриче, Серџо Пироци. Службите за спасување не можат да ја потврдат бројката...

Путин испрати телеграма со сочувство до Ердоган по повод терористичкиот напад

Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по повод терористичкиот напад во градот Газиантеп, каде што загинаа најмалку 50 лица, соопшти денеска Кремљ. „Злосторството за време на прослава, не шокираше со своите суровост и цинизам,“ пишувало во телеграмата на рускиот претседател. Во неа, Путин исто така напишал дека „оваа трагедија е уште еден доказ дека е...

33 лица загинаа во автобуска несреќа во Непал

Најмалку 33 луѓе го загубија животот во автобуска несреќа која се случила денеска во Непал, јавува „Си-Ен-Ен“. Инцидентот се случил во округот Каврепаланчок околу 13 часот по локално време. Автобусот кој се движел кон непалската престолнина Катманду од засега непознати причини излетал од амбисот и се превртувал по падината околу 300 метри. Во автобусот имало повеќе од 60 патници. Локалните власти...

„Продиџи“ ќе донираат за граѓаните од поплавените подрачја

Светски познатата група „Продиџи“, која на 14 август ќе настапи во Охрид, на својата „Фејсбук“ страница напиша дека ќе донира за настраданите од поплавите кои во саботата го зафатија Скопје и околината. Членовите на англиската електронска група упатија сочувство до семејствата на жртвите. „Срдечна почит за Македонците кои ги изгубија животите и беа погодени од поплавите. Ние ќе донираме во знак на солидарност на Црвениот...

(Визуелизација) Сите катастрофи и несреќи во Македонија низ бројки

Македонија памети многу катастрофи низ својата понова историја. На црната листа води скопскиот земјотрес со околу 1.100 загинати и 3.000 повредени. По него следат авионските несреќи кои навистина биле бројни и крвави, а најголемата се случи на 22.11.1993 година кога патнички авион „Јак-42Д“ на „Авиоимпекс“ се урна поради грешка на пилотот. Во оваа несреќа загинаа 115 луѓе. Ако се направи дистинскиција и се...

Без обдукција на загинатите во поплавата прекршени се меѓународните протоколи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на поплавените подрачја пронашле и идентификувале 21 починато лице. Но за ниедно од овие лица не е направена обдукција ниту пак се знае како била извршена идентификацијата на телата, со што се прекршени меѓународните протоколи за масовни несреќи. „По извршениот претрес на терен, а по претходно договорена динамика за работење, од страна на екипите...

Градот Скопје отвори книга на жалост

Градот Скопје денеска отвори книга на жалост за загинатите во катастрофалното невреме што го погоди градот. Книгата ќе биде поставена во просториите на Советот на Град Скопје и сите граѓани што сакаат ќе можат да се запишат денеска до 21 часот и утре до 16 часот. Од МВР известија дека вкупната бројка на починати лица досега изнесува 22 лица. Од синоќешното ново невреме...

Заев: Сега не е време за препукувања, сега е време да му се помогне на Скопје

Лидерот на СДСМ и градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев вечерва на прес-конференција изрази сочуство до семејствата на загинатите во невремето што го погоди Скопје и околината и упати апел до граѓаните дека не е време „за препукување преку социјалните мрежи и барање на виновници“, туку дека е време „да му се помогне на Скопје и на скопјани“. Тој информираше...

Амбасадорите на ЕУ и на САД изразија сочувство на семејствата на жртвите

Амабасадорите на земјите-членки на Европската Унија и на САД во земјава денеска преку социјалните мрежи изразија сочувство до семејствата на загинатите во невремето и поплавите што вчера го погодија Скопје и околината. Порака со сочувство на својот твитер-профил објави и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, кој напиша дека Европската Унија е подготвена да помогне. https://twitter.com/JHahnEU/status/762236706015875072 Длабоко сочувство до семејствата...

Град Скопје ќе им додели по 3.000 евра помош на семејствата на загинатите во невремето

Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница одлучи на семејствата на загинатите во невремето кое вчера попладне го зафати Скопје и околината, да им биде дадена еднократна парчина помош од 3.000 евра (180.000 денари). Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, на седницата која започна со едноминутно молче за загинатите лица во невремето, ги презентираше мерките што градските власти ги преземаат...

Советот на Град Скопје денеска ќе одржи вонредна седница за невремето

Советот на Град Скопје за денеска во 14 часот закажа вонредна седница по синоќешното големо невреме кое го погоди Скопје и околината, информираат од Градот. На седницата единствена точка на дневен ред ќе биде информацијата во врска со вчерашното невреме и мерките и активностите за санирање на штетите. Во невремето, како што првично информираа од Министерството за внатрешни работи, животите...

Уапсени четири лица поврзани со нападот во Ница

Уапсени се четири лица за кои постојат сомневања дека имаат врска со Мохамед Булел, кој во Ница усмрти 84 лица. Француската полиција и на почетокот на викендот врши рации низ целата земја во обидот да пронајде нови докази во врска со нападот што се случи во четвртокот. Мохамед Булел е идентификуван како вршител на нападот и официјално е потврдено дека го возел...

Бројот на жртви во бомбашкиот напад во Багдад достигна 250

Бројот на загинатите во бомбашкиот напад во Багдад се зголеми на 250 лица, соопшти ирачката влада, со што тој напад стана најсмртоносен од инвазијата на војската на САД во 2003 година. Камион полн со експлозив е активиран во област во која семејства купувале по повод крајот на рамазанскиот пост. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, а според претходните процени, бројот на...

Стејт департмент: Македонија недоволно се бори против трговијата со луѓе

Американскиот Стејт департмент годинава ја рангираше Македонија за едно место подолу во борбата против трговија со луѓе, односно во зоната ТИЕР 2, каде не се исполнуваат минималните услови за борба против оваа појава. „Владата на Република Македонија не ги исполнува во целост минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, но прави значителни напори за да ги исполни. Напливот на...

ОН: Повеќе од 700 медицински работници се убиени во Сирија

Повеќе од 700 доктори и медицински работници се убиени во Сирија од почнувањето на војната во 2011 година, а голем број деца се регрутирани во редовите на Исламска држава, соопштија од Обединетите нации. Претседателот на Независната меѓународна комисија за истраги во Сирија при ОН, Пауло Пинјеиро, ги осуди нападите на болници и на клиники, кои, како што рече, предизвикуваат огромни страдања...

Во Индија автобус паднал во клисура, загинаа 25 лица

Најмалку 25 лица загинаа кога автобус се лизнал од планински пат и паднал во клисура на североистокот од Индија, соопшти локалната полиција. Во несреќата која се случила доцна синоќа, повредени се и 10 лица, потврди полицаецот Раџив Мехта. Тој истакна дека врнел силен дожд и дека видливоста била намалена кога автобусот излетал од патот во близина на градот Сонапур, во државата...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...