fbpx

Ренци: Бројот на жртвите од земјотресот достигна 120 лица

-

Премиерот на Италија, Матео Ренци, изјави дека во разорниот земјотрес што ја погоди Италија загинале најмалку 120 луѓе.

Претходните проценки покажуваа дека 70 лица ги загубија своите животи во потресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, што го погоди централниот дел на Италија.

Градот Аматриче во Централна Италија веќе не постои поради штетата нанесена од силниот земјотрес.

По првичниот земјотрес следуваа и низа помали, кои придонесоа материјалната штета да биде поголема и жителите уште повеќе да паничат.

Според последните информации, стотина луѓе се повредени, а и понатаму под урнатините се трага по исчезнати.

Се стравува дека бројот на загинати може да е многу поголем, со оглед на тоа дека голем број објекти се урнати, а тоа им го отежнува пристапот на спасувачките екипи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...