fbpx

Заев: Сега не е време за препукувања, сега е време да му се помогне на Скопје

-

Лидерот на СДСМ и градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев вечерва на прес-конференција изрази сочуство до семејствата на загинатите во невремето што го погоди Скопје и околината и упати апел до граѓаните дека не е време „за препукување преку социјалните мрежи и барање на виновници“, туку дека е време „да му се помогне на Скопје и на скопјани“.

Тој информираше дека утре ќе се одржи итна седница на Советот на општина Струмица, на која ќе биде донесена одлука за спроведување мерки и активности за собирање и испраќање помош до загрозените семејства и институции од Скопје и околината, како и од тетовскиот регион.

„Сакам во оваа прилика, да го споделам моето сочуство со семејствата на настраданите граѓани, како од мое лично име, така и од името на сите граѓани на општина Струмица. Посакувам вакво нешто, никогаш повеќе да не се повтори.
Апелирам до сите граѓани, во овие тешки мигови, да се воздржат од било какви препукувања по социјалните мрежи, јавно жигосување и барање виновници. Време за анализи ќе има. Сега е време да му се помогне на Скопје и скопјани, како и на населените места и нивните граѓани кои се најзагрозени од невремето. За таа цел, на мој предлог, утре ќе се одржи итна седница на Советот на општина Струмица, на која би била донесена одлука за спроведување мерки и активности за собирање и испраќање помош до загрозените семејства и институции од Скопје и околината, како и од тетовскиот регион“, изјави Заев.

Тој ја поздрави олдуката на Здружението „Културно забавен живот – Струмица“ која утре ќе организира донаторска акција за собирање помош за семејствата на настраданите и загрозените од невремето, наместо предвидените содржини на „Струмица Опен фестивал“, и ги повика граѓаните на општина Струмица да се вклучат во акцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...