недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: жртви | 237 резултати

Иницијатива „Нула“: Политичарите да прават парада пред локални избори

јули 30, 2025

Неколку недели пред да се наполнат четири години по трагедијата во Тетово во која животот го загубија 14 лица, пратеници од ВЛЕН и од ВМРО-ДПМНЕ, како и министри, се собраа денеска во Тетово за да го означат почетокот на активностите за изградба на спомен-паркот за 14 жртви од пожарот во модуларната болница. Од „Иницијативата Нула, […]

Поплавите во Пекинг однесоа 30 жртви, Кина го очекува летото со екстремни временски услови

јули 29, 2025

Најмалку 30 лица загинаа во Пекинг, а повеќе од 80.000 беа евакуирани на безбедно место, соопштија кинеските власти, бидејќи обилните дождови и поплавите ги уништуваат патиштата и куќите во северна Кина, пренесува Би-Би-Си. Уште осум лица загинаа по лизгање на земјиштето во понеделник во градот Ченгде, околу три часа североисточно од Пекинг. Кина се справува […]

Туристички брод се преврте во виетнамскиот залив Ха Лонг при што загинаа повеќе од триесетина луѓе

јули 20, 2025

Десетици луѓе загинаа откако туристички брод се преврте за време на бура во заливот Ха Лонг во североисточен Виетнам, според извештаите на државните медиуми, додека спасувачките операции продолжија до раните утрински часови во неделата, пренесува Вашингтон Пост. Нуркачи на морнарицата беа распоредени за да помогнат во потрагата, која беше отежната од немирно море, силни ветрови […]

Родителите на жртвите од Кочани тврдат дека Мицкоски им рекол да си „одредат цена за нивните деца“, во Владата тоа го негираат

јули 18, 2025

„Одредете си цена за вашите деца“ – родителите на загинатите деца во Кочани, тврдат дека премиерот Мицкоски, токму со оваа реченица им се обратил на средбата која ја имале со него на 7 јули во Владата. Како што наведуваат и објавуваат на Фејсбук од Здружението на граѓани 16-ти Март 2025 Кочани, родителите биле видно вознемирени […]

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

јули 9, 2025

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат основани сомнежи дека дел од пожарите се подметнати. „Имаме основано сомнение дека пожарите се подметнати од страна на човечки фактор. Се истражуваат повеќе наоди за пожари […]

Русија уби најмалку 15 лица во напади врз Киев и други градови

јуни 17, 2025

Русија лансираше стотици беспилотни летала и десетици ракети кон Украина во вторникот, погодувајќи десетици цивилни цели во Киев, вклучувајќи и голема станбена зграда, при што загинаа најмалку 15 лица, а десетици беа повредени, пренесува „Ројтерс“. Претседателот Володимир Зеленски рече дека руските сили испратиле повеќе од 440 беспилотни летала и 32 ракети кон Украина. Тој го […]

Одморалиштето Пониква ќе се користи за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во трагедијата во Кочани

јуни 8, 2025

Владата планира одморалиштето Пониква, сопственост на Министерството за внатрешни работи, да го стави на располагање на Министерството за здравство, со цел да се користи како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на лицата повредени во пожарот во Кочани. Информацијата ја соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева, нагласувајќи дека станува збор за суштинска институционална мерка […]

Седумина мртви во Русија откако се урнаа два моста и камиони паднаа врз воз

јуни 1, 2025

Два моста се урнаа изминатата ноќ во одделни инциденти во руските региони што граничат со Украина, при што загинаа најмалку седум лица, а десетици други беа повредени. Како што пренесува Би-Би-Си, доцна во саботата во Брјанск се урна патнички мост, при што неколку тешки камиони паднаа врз патнички воз во движење, изјави регионалниот гувернер. Службите […]

„Нема трагедија, има злосторство“, порачаа роднините на жртвите во Кочани

мај 17, 2025

„Нема трагедија, има злосторство“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, „Затворени очи, отворени гробови“, со вакви транспаренти и со слики од младите жртви во Кочани денеска нивни роднини и пријатели беа дел од „Маршот на ангелите“ кој се одржа во Кочани. Тие маршираа од „Паркот на револуцијата“ до судот и Обвинителството во […]

Деветмина загинаа во руски напад врз цивилен автобус во северна Украина

мај 17, 2025

Девет лица денеска загинаа во напад на рускo беспилотно летало врз минибус со цивили во северниот украински регион Суми, соопшти локалната воена администрација, неколку часа откако Киев и Москва ги одржаа своите први директни мировни преговори од 2022 година, пренесува „Гардијан“. Автобусот, кој беше нападнат во близина на градот Билопиља додека се движел кон Суми, […]

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

мај 16, 2025

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична казна од 1 милион денари. Ова е одлуката што ја објави Тетовскиот суд на повторното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово каде […]

ДЗР: Се трошат милиони евра за побезбедни патишта, но бројот на сообраќајќи и жртви расте

мај 15, 2025

Мерките и активностите на надлежните институции иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата, не се ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните незгоди, нотирале државните ревизори во последниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР). И покрај тоа што се потрошиле милиони евра за нови стратегии и побезбедни […]

14 луѓе загинаа во пожар во индиски хотел

април 30, 2025

Најмалку 14 лица, меѓу кои и две деца загинаа откако избувна голем пожар во хотел во источната индиска држава Западен Бенгал, пренесе „Би-Би-Си“. Две лица биле тешко повредени во пожарот што избувнал вчера во хотелот „Ритурај“ во Калкута. Пожарот сега е под контрола, но властите велат дека спроведуваат спасувачки операции. Не е јасно како избувнал […]

Еврокомесарката Марта Кос во Нови Сад им оддаде почит на настраданите во падот на настрешницата

април 30, 2025

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, за време на посетата на Нови Сад, им оддаде почит на жртвите кои го загубија животот при падот на пнастрешницата на 1 ноември мината година, објави таа на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер). „Дојдов во Нови Сад за да им оддадам почит на 16-те животи кои беа изгубени во трагедија […]

По протестот на семејствата на жртвите од Кочани, обвинителството со отворен повик до јавноста

април 29, 2025

Еден и пол месец по трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во која загнаа 62 главно млади лица, и по средбата со семејствата на загинатите на денешниот протестен марш во Скопје, Јавното обвинителство објави отворен повик за информации, докази и лични сведоштва. На веб-страницата на обвинителството (jorm.gov.mk) е поставен формулар кој како што соопштија […]

УСС при УКИМ и Студентското пленумско движење утре ќе го поддржат „Маршот за ангелите“

април 28, 2025

Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ќе го поддржи најавениот протестен марш „Марш за ангелите” кој ќе се одржи утре, а поттикнат од трагедијата во Кочани, информираа денеска оттаму. Присуство на маршот најавија од Студентското пленумско движење. „УСС ја дава својата јавна поддршка на протестниот марш „Марш за ангелите“, кој ќе […]

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

април 27, 2025

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од мајките на загинатите деца побара одговори од министерот за внатрешни работи, од директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и од сите надлежни […]

Обвинителството ќе ги испитува повредените и семејствата на жртвите во Кочани на почетокот на мај

април 25, 2025

Процесот на испитување на оштетените од трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, која се случи минатиот месец, се предвидува да започне од почетокот на мај, за што ќе следи дополнително известување, имајќи го предвид големиот број оштетени и засегнати лица кои ќе бидат испитани, информираат во Основното јавно обвинителство (ОЈО). „Обвинителскиот тим кој постапува во предметот […]

Протестен марш во Кочани: „Зошто ги пуштивте убијците на нашите деца?“

април 19, 2025

Со пораки за правда, болни сведоштва и апели за одговорност, денеска по третпат се одржа протестниот марш „Задоцнета реакција“ во Кочани, во знак на сеќавање на 62-те жртви од трагичниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“. Семејствата на загинатите, заедно со стотици поддржувачи и граѓани, повторно побараа целосно расветлување на случајот и санкционирање на сите одговорни […]

Смртоносните поплави и бури лани погодија повеќе од 400.000 луѓе во Европа

април 15, 2025

Невремето и поплавите што ја зафатија Европа минатата година погодија 413.000 луѓе, покажа  Европскиот извештај за климата, бидејќи загадувањето со фосилни горива го принуди континентот да настрада во текот на неговата најжешка година досега, пренесува „Гардијан“. Драматични сцени од автомобили натрупани на поплавени улици и мостови кои ги откорнаа бесните порои, беа видени низ континентот […]

Страна 2 од 12