четврток, 15 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Женева | 13 резултати

Сигурноста и приватноста – главни теми на Форумот за управување со интернет

5 јануари 2018

Приватноста и сигурноста на интернет, но и влијанието на лажните вести и користењето на дигиталните технологии за манипулација на јавното мислење, заедно со проблемот на намалената доверба кон медиумите и државните институции, беа една од главните теми на 12-от состанок на Форумот за управување со интернет – IGF (Internet Governance Forum), кој се одржа во […]

Во Женева се одржува седма рунда преговори за Сирија

10 јули 2017

Седмата рунда мировни преговори за Сирија денеска почна во Женева со состанок на специјалниот претставник на ОН, Стефан де Мистура, со делегација на сириските власти. Состанокот се одвива во Палатата на нациите, односно во седиштето на ОН во Женева. Темата на новата рунда преговори е пакетот од четири предлози на Де Мистура: за формирање влада, […]

Во Женева продолжуваат мировните преговори за Сирија

23 февруари 2017

Мировните преговори на сириските власти и на опозицијата под покровителство на Обединетите нации, денеска ќе продолжат во Женева во обид да се стави крај на повеќегодишната војна во Сирија, во која настрадале повеќе од 310.000 лица. Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, изјави дека Русија од сириските власти побарала прекин на воздушните […]

Преговарачот на сириската опозиција поднесе оставка

30 мај 2016

Главниот преговорач на сириската опозиција Мухамед Алуш поднесе оставка поради неуспехот на мировните преговори под покровителство на Обединетите нации. Тој оцени дека преговорите не донеле политичко решение, ниту, пак, придонеле за намалување на страдањата на населението во опколените градови од страна на сириската војска. Засега нема одредено датум кога би продолжиле преговорите што во април […]

СЗО расправа за прогласување вонредна состојба поради вирусот зика

1 февруари 2016

Почна итниот состанок на Светската здравствена организација (СЗО) во Женева, на кој се разговара дали поради експлозивното ширење на вирусот зика треба да се прогласи вонредна состојба. СЗО во 2014 година прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола. Директорката на СЗО, Маргарет Чен, минатата недела рече дека нивото на тревога е екстремно високо иако не […]

Сириската влада подготвена за вклучување во мировните преговори

24 декември 2015

Сириската влада на претседателот Башар ал-Асад е подготвена да се вклучи во мировните преговори за ставање крај на речиси петгодишниот конфликт во земјата, кои треба да се одржат во Женева, кон крајот на јануари следната година, јавуваат светските медиуми. Претседателот Башар ал-Асад се надева дека на преговорите ќе биде договорено формирање на влада на национално единство. […]

Иванов: Помина времето кога безбедноста на Европа се чуваше само на тлото на Европа

15 октомври 2015

Државите од Западен Балкан мора да се интегрираат во архитектурата на безбедносниот систем на Унијата со непречен пристап до сите бази на податоци, истакна шефот на државата, додавајќи дека секоја земја може да придонесе со тоа што ќе го споделува своето искуство. Претседателот Ѓорге Иванов денеска се обрати на отворањето на форумот посветен на глобалните закани […]

Од утре директен лет Скопје – Женева

3 април 2015

Почнувајќи од утре, од скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе има директен лет до Женева двапати неделно, во вторник и во сабота. Оваа директна линија се воведува како резултат на соработката меѓу „ТАВ Македонија“ и авиокомпанијата „Свис“ (Swiss). – Повторното воздушно поврзување на Скопје со Женева, како град познат по своето езеро и по прекрасната природа, […]

Иванов во Женева на сесија за човекови права на ОН

2 март 2015

Во Женева, денеска претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе учествува и ќе се обрати на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права на Обединетите нации, со што ќе биде отворена неговата 28. сесија. Предвидено е, во рамки на учеството на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права, претседателот Иванов да […]

Страна 1 од 1