Фото: https://www.exyuaviation.com/

Нискобуџетната авиокомпанија easyJet ќе влезе на македонскиот пазар претстојната зимска сезона со летови помеѓу Женева и Скопје, пишува www.exyuaviation.com.

Летовите ќе бидат воспоставени на 1 ноември и првично ќе ги има двапати неделно, секој понеделник и петок. Бројот на летови ќе се зголеми на трипати неделно во декември.

Извршниот директор на турски ТАВ, кој управува со двата аеродрома во Македонија, Сани Сенер, неодамна изјави дека и покрај тоа што „Виз ер“ оперира од државата, сепак има простор за повеќе нискобуџетни играчи.

„Скопје е веќе успешна база на „Виз Ер“, но сметаме дека има простро за повеќе нискобуџетни оператори“, рече Сенер.

Вкупно 3.923 патници патувале индиректно помеѓу Скопје и Женева во 2019 година, пред да фати пандемијата со ковид-19, а лани таа бројка изнесувала нешто повеќе од 600.

Овие бројки вклучуваат само патници кои преку други дестинации патувале до Женева или до Скопје.