fbpx
Таг: земјоделци

таг: земјоделци

Земјоделците од Прилепско преку метеоролошки станици ќе ги следат временските прилики

Во прилепските села Галичани и Канатларци се инсталирани две метеоролошки станици коишто ќе ги мерат временските прилики, а со тоа ќе им помагаат и на земјоделците во извршување на нивните работи. Овие метеоролошки станици имаат сензори коишто ја покажуваат висината на температурата и влажноста на воздухот, воздушниот притисок, брзината на ветрот, количеството врнежи, како и соларната радијација. Освен тоа ја мерат и температурата на земјиштето - почвата. - Станиците се...

Земјоделците и граѓаните од Источниот регион преку апликација ќе следат агро-метеоролошките прилики

Со поставувањето на агро-метеоролошката станица во близина на Берово, комплетиран е процесот на инсталирање на систем на станици во 11 општини во Источниот регион. Податоците од агро-метеоролошките станици се достапни преку мобилна апликација (Meteobot) која може да се инсталира на секој мобилен телефон, а во функција е и веб страна (www.agroistok.mk) каде се презентирани повеќе кластери на информации. Податоците се за секоја...

МЗШВ: Земјоделците кои работат надвор од село за време на полицискиот час, мора да имаат посебни дозволи

Земјоделците ќе можат да ги извршуваат своите работни активности на земјоделските површини и фарми кои се наоѓаат во атарот на селото во кое живеат, а другите ќе треба да вадат посебна дозвола за движење. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, МЗШВ, во согласност на најновата забрана за движење која стапува во сила од утре, 8 април, ги информира земјоделците...

Прилепските земјоделци треба да бидат обесштетени со 80 милиони денари

На прилепските земјоделци од селата Канатларци и Тополчани и околните населени места, треба да им бидат исплатени околу 80 милиони денари, отштета поради уништените посеви во невремето што ги зафати атарите на двете села на 24 јуни и 4 јули годинава. Прилепските советници на денешната 30. седница на Советот на Општина Прилеп, ги прифатија извештаите од увидните екипи на терен...

МЕПСО ги предупреди земјоделците да ги избегнуваат далекуводните траси за време на жетвата

МЕПСО ги предупредува сите земјоделци во екот на тековната жетва да не поминуваат со комбајните под проводниците т.е. јажињата на далекуводите и да ги избегнуваат далекуводните траси. Ова предупредување е заради тоа што со тоа се изложуваат на ризик и ги загрозуваат сопствените како и животите на лицата кои се наоѓаат во нивната околина. „Воедно апелираме до земјоделците во екот на сезоната...

МЗШВ: Рокот за поднесување на барања за субвенции се продолжува до 30 јуни

Рокот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година се продолжува до 30 јуни, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Ова продолжување на рокот е по барање на земјоделците, со цел да можат сите земјоделци да го искористат правото за поднесување на барања за финансиска поддршка за мерките од годинешната...

Три години не се исчистени каналите за наводнување во Општина Дебрца

Поради нефункционалното наводнување на земјоделските површини, градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески оствари работна средба со граѓаните од Мешеишта, Волино, Климештани, Велмеј, Лешани и Издеглавје. Земјоделците ги изнесоа проблемите кои ги имаат со нефункционалното наводнување на земјоделските површини. Пред почетокот на сезоната за наводнување, каналите за наводнување не се исчистени, практика која по укинувањето на функционалните водни заедници, веќе трета...

Нови грантови за земјоделците во Струмичко-радовишкиот регион

Нови 250.000 евра во грантови ќе бидат доделени на 50 земјоделци од Струмичко-радовишкиот регион како поддршка во воведувањето  на модерни агро-еколошки мерки во производството на овошје и зеленчук. Овој циклус на грантови, трет по ред во регионот, го најавија регионалната директорка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за Европа и Централна Азија, Мирјана Егер и Швајцарската амбасадорка...

СДСМ: Законот за пазарџиите одложен, ќе се бара прифатливо решение

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на вчерашната собраниска седница го одложи Законот за трговија на зелените пазари на една година, со цел да се најде соодветно и заемно прифатливо решение, порачуваат од партијата. „Со одлагањето, се отвора простор за консултација и дебата помеѓу сите засегнати страни и без кој било да биде оштетен. Неопходно е институциите, продавачите и организаторите на...

МЗШВ: Земјоделците можат да поднесат барања за легализација на фармите до крајот на 2018

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информираше дека до крајот на годинава, земјоделците можат да достават барања за легализација на изградените објекти, фарми на градежно земјиште. „Барањата за легализација треба да се поднесат во општините на живеење. Продолжувањето на рокот е со цел да им се излезе во пресрет на големиот број на граѓани, вклучително и на земјоделците, кои...

Мицкоски: Владата ги фрли земјоделците на коленици

Земјоделците се фрлени на коленици и оставени сами на себе и тоа мора да се смени. Се работи за непочит на трудот на илјадници семејства кои се прехрануваат од земјоделието, се работи за незнаење, неспособност и немање на план, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја Владата дека не придонела ништо за подобрување на состојбата на земјоделците, туку...

Откупот и продажбата на земјоделски производи намалени во однос на лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2018 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 4,4% во однос на истиот период од претходната година. Позитивна промена има кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители, каде е забележано зголемување за 14%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување...

МЗШВ: Жетвата заврши, пченицата се откупува по цена од 9 до 10,5 денари по килограм

Жетвата на пченицата заврши на сите засеани 78.000 хектари, а просечениот принос е околу 3.500 килограми по хектар, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од таму додаваат дека лебното зрно од овогодинешната реколата се откупува по цена од 9 до 10,5 денари по килограм, во зависност од квалитетот на пченица. До 15 август е и рокот за доставување на...

Бектеши од Хасани денеска ќе бара целосно укинување на царината од Косово

Mинистерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе се сретна со косовскиот колега Бајрам Хасани за повлекување на царините за земјоделските производи кои останаа неопфатени со одлуката на косовската Влада. „Во име на досегашната успешна трговска и, воопшто, економска соработка со Република Косово се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик со мојот косовски колега, а дека средбата ќе резултира со решение...

МЗШВ очекува целосно повлекување на одлуката на Косово

Разговорите кои Владата и надлежните министерства ги водеа со Косово во изминатиот период вродија со плод, Приштина веќе ја повлече зголемената царина за дел од производите, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Утре, министерот за економија Крешник Бектеши, ќе се сретне со неговите колеги во Косово каде ќе се бара решение и надминување на проблемот. Сите досегашни...

МЗШВ: Откупот на лубеници се одвива непречено, земјоделците се манипулираат

Во последните седум дена се откупени 800 тони лубеница, а само за денеска се планира откуп од околу 130 тони лубеница, реагираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на информациите дека земјоделците протестираат и дека лубениците чекаат да бидат откупени. „Според Подрачната единица во Струмица, во следните денови се планира откуп уште на 200 тони. Откупната цена е задоволителна...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Николовски ги клекнаа на коленици производителите на пченица

Зоран Заев и Љупчо Николовски го клекнаа земјоделието на колена. Производителите на пченица на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на Заев и на криминалниот картел околу него, обвини ВМРО-ДПМНЕ денеска. „Пазарот е презаситен со српско брашно, а државата нема никаква стратегија како да се справи со овој проблем. На само недела дена пред жетвата на пченицата се уште нема потврда...

Потпишани првите договори за користење на средства од ИПАРД 2-програмата

Вкупно 692 договори за набавка на трактори преку ИПАРД 2-програмата вредни 5,8 милиони евра, ќе бидат потпишани во наредните денови, а денеска во Министерството за земјоделство беа потпишани првите 13 договори. Најголем дел од средствата се за набавка на трактори, но земјоделците покажале интерес и за приклучна механизација мотокултиватори, ѓубре-растурачи, прскалки, системи „капка по капка“, линии за транспорт на храна. -...

Николовски: Даночните постапки за земјоделците се поедноставуваат

Со последните измените на Законот за персонален данок на доход, значително се поедноставуваат даночните постапки за земјоделците, порачаа на денешната заедничка прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Со последните законски измени, се намали прагот за регистрација на овие даночни обврзници. Со измените на законот се зголеми прагот за...

Рокот за аплицирање за земјоделски субвенции истекува на 12 јуни

На 12 јуни годинава завршува рокот за поднесување барања за субвенции за растително и сточарско производство, соопшти денеска директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски. Тој додаде дека досега аплицирале 64.448 земјоделци, но се очекува бројката да биде зголемена до 8.000. Тој ги повика земјоделците да аплицираат навреме за побрзо да се обработат барањата и средствата да се исплатат. Апликациите за субвенции може...

„Not a living soul“ – лингвистичка и политичка манипулација од руската кујна

Објава на Фејсбук шири невистина дека во англискиот јазик нема еквивалент за рускиот израз „ни души“, односно за нашиот „ни жива душа“, па Англичаните и Американците за тоа го...