Земјоделците и граѓаните од Источниот регион преку апликација ќе следат агро-метеоролошките прилики

-

Со поставувањето на агро-метеоролошката станица во близина на Берово, комплетиран е процесот на инсталирање на систем на станици во 11 општини во Источниот регион. Податоците од агро-метеоролошките станици се достапни преку мобилна апликација (Meteobot) која може да се инсталира на секој мобилен телефон, а во функција е и веб страна (www.agroistok.mk) каде се презентирани повеќе кластери на информации.

Податоците се за секоја општина поединечно, за присуство на полен, временски информации како најава на врнежи, влажност, податоци за почвата. Посебен сегмент се податоците кои се однесуваат на земјоделците, кои можат да добијат информации кога е најпогодно да се прска одредена земјоделска култура, како и опасност од болести на растенијата. Апликацијата се инсталира бесплатно на електронските уреди, а Центарот за развој на Источно-планскиот регион (ИПР), кој е носител на проектот, организираше неколку обуки за користење на информациите од агро – метеоролошките станици.

– Станица има софтвер која на секои десет минути ги мери и ги запишува податоците, кои потоа се трансферираат на сервер, од каде се праќаат на мобилна апликација, која е достапна за сите граѓани и веб-платформа која да кажеме, ќе биде специјализирана за земјоделците. Мобилната апликација освен на македонски е достапна уште на неколку јазици. Станицата работи на сим картичка и соларен панел и батерија, автоматски се наполнува поради што не е потребно ангажирање доиполнително луѓе за да ги вчитуваат податоците – рече метеорологот Глигор Тодоров.

Системот на агро-метеоролошки станици е дел од проектот на ИПР, финансиран од Швајцарската агенција за равој и соработка (SDC) и Министерството за локална самоуправа.  Во Источно-планскиот регион, освен системот на станици, од оваа иста програма се реконструираат ски-лифтовите на Пониква и Домот за стари лица во Општина Берово, каде се оспособува третата ламела.

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Иницијативата „Кој е следен“ се оградува од политичките партии

Иницијативата „Кој е следен“ испрати соопштение преку кое се оградува од политичките партии во нивното делување. Тие се обратија до сите партии и порачаа дека системот против кој се борат е...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две...