fbpx
Таг: земјоделство

таг: земјоделство

Потпишани првите договори за закуп на земјоделско земјиште над три хектари

Денеска во Владата се потпишаа првите договори од инвестицискиот оглас за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари, со агробизнисмени и земјоделци кои ќе развиваат инвестициски проекти во преработувачки капацитети. покрај примарното производство. „За прв пат државата доделува државно земјоделско земјиште под закуп за кое што земјоделците и агробизнисмените имаат можност освен за примарно производство да подготват и бизнис план...

Објавен нов Јавен повик од ИПАРД 2 за земјоделците и сточарите

Денеска започна кампањата за информирање и едукација за ИПАРД-фондовите, со првата работилница на тема „Користење на средства од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој - ИПАРД 2014 – 2020“. „Овој повик овозможува земјоделските стопанства широк спектар на инвестции во примарното земјоделско и сточарско производство, вклучително и инфраструктурни зафати. ИПАРД-програмите се од исклучителна важност за развојот на...

За една година се очекува поставување на нова градобијна опрема, мислењата поделени

За една година се очекува поставување на сосема нова, современа и целосно автоматизирана градобијна опрема во земјава. Мислењата за оправданоста од поставување на истата, поделени и кај земјоделците и кај метеоролозите. Градобијната одбрана не функционира од 2008 година. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, работат на тоа да се постави сосема нова, современа и целосно автоматизирана опрема. Се очекува...

Започна исплатата на првите договори од европската ИПАРД 2 програма

Од денска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој започна со првите исплати за финансиските средства од договорите склучени со последниот повик за програмата ИПАРД 2. Преку ИПАРД 2 до денеска се склучени рекордни 898 договори во вкупна вредност на побарувани средства од 15,6 милиони евра, од кои 11,7 милиони евра се од европските фондови. Се очекува вкупната...

Потпишани првите 13 договори за набавка на трактори преку ИПАРД 2

Денеска се потпишаа првите 13 договори од вкупно 692 потенцијални корисници на средства од ИПАРД 2 Програмата. Вкупната поддршка за набавка на трактори од ИПАРД 2, е околу 5,8 милиони евра. Од нив над 1,4 милиони евра се од Националното финансирање, додека близу 4,3 милиони евра се европски пари, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Раководителката на Секторот за...

Во првиот квартал, уделот на земјоделството во БДП пораснат за 5,1 отсто

Во земјоделството е забележан пораст од 5,1 отсто во првиот квартал, во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во овој период земјоделство, шумарство и водостопанство учествуваат со 6,6 отсто во домашниот бруто-производ, за разлика од истиот период во 2017 година, кога овој процент изнесувал 1,5. „Високиот раст во областа на земјоделството се должи на повисока откупна...

ЕК со платформа за запирање на изумирањето на инсектите-опрашувачи

Дури еден од десет инсекти-опрашувачи е на работ на изумирање, а една третина од видовите пчели и пеперутки се во опаѓање. За справување со тој проблем, Европската комисија (ЕК) денеска ја предложи првата генерална иницијатива на ЕУ за справување со проблемите што ги погодуваат опрашувачите. Иницијативата содржи мерки за подобрување на набљудувањето и пребројувањето на инсектите и причинителите на проблемот,...

Исплатата на субвенциите за тутунот ќе почне в четврток

Исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017, ќе почне в четврток информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка, во земјоделството и руралниот развој зголемени субвенции ќе добијат над 23.400 тутунари, по просечна цена од 217,6 денари за килограм. „Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа кој започнува со реколтата 2017,...

Николовски учествува на конференција за дигитално земјоделство во Софија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски учествува на меѓународна конференција „Заедно за силно дигитално земјоделство“, што се одржува во Софија. На панел-дискусијата, Николовски рече дека воведувањето на новите технологии во земјоделството е приоритет на секоја држава која што цели кон создавање на едно модерно, развиено и конкурентно земјоделско производство. „По поврзаноста помеѓу регистрите и базите на податоци на релевантните институции...

Барања за земјоделски субвенции може да се поднесуваат до 15 мај

Земјоделските стопанства ќе можат да поднесуваат барања за субвенции за 2018 година до 15 мај, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Во програмата се предвидени 6 милијарди и 210 милиони денари кои се наменети за директни плаќања. Барањата се поднесуваат по електронски пат, а доколку барателите имаат потреба од помош или не се во можност самите да...

УСАИД годинава одбележува 25 години од работата во Македонија

Американската агенција за меѓународен развој во Македонија, УСАИД, годинава одбележува 25 години од работата во Македонија. Во партнерство со граѓаните, институциите, компаниите, здруженијата и организациите, УСАИД поддржа различни проекти, за да го подобри квалитетот на животот на граѓаните. Меѓу првите проекти на УСАИД, беше проектот „Од земјоделец на земјоделец” во 1993 година. „Целта на овој проект беше поддршка на растот на економијата, имајќи го предвид...

МЗШВ плати 137.000 евра заостанати долгови за членарини во меѓународни организации

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) плати 137.000 евра по основ на заостанати долгови, за претходни години, за неплатени членарини во меѓународни организации за земјоделство, информираат од таму. Станува збор за долгови за членарини во Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО), Меѓународната организација за вино (ОИВ) и Европската и медитеранска организација за заштита на растенија (ЕППО). „Членството во ФАО...

Николовски: Со предлог-буџетот за 2018 година ќе го зголемиме земјоделското производство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска го презентираше предлог-буџетот за 2018 година за ова министерство, кој изнесува 165 милиони евра. - Со предлог-буџетот за секторот земјоделство ќе обезбедиме целосна, навремена и неселективна исплата на субвенциите за земјоделството, поголемо производство на домашни квалитетни и безбедни земјоделско-прехранбени производи, ќе го вратиме доистоинството на македонскиот земјоделец затоа што само така...

ЕК се надева на поголема искористеност на средствата од новата програма ИПАРД

Јиржи Богдан Плева, генерален директор за земјоделство и рурален развој во Европската комисија, на средбата со министерот за земјоделство, шумарско и водостопанство, Љупчо Николовски, во Брисел, позитивно го оценил големиот интерес и бројот на доставени барања за користење на финансиски средства од програмата ИПАРД 2014-2020 на првиот јавен повик и изразил надеж дека нема да се повтори искуството со...

Николовски: Науката е важна за креирање на развојните политики на земјоделство

Земјоделството е еден од најважните сектори кој во вкупниот домашен бруто-производ (БДП) учествува со 13 отсто, вклучително и во преработувачката индустрија, и е трет по големина сектор во земјата, по услугите и по индустријата, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на Меѓународен симпозиум за земјоделство и за храна на Факултетот за земјоделски науки. Тој додаде дека земјоделството обезбедува приходи...

Николовски: Искористувањето на средствата од ИПАРД е највисок приоритет на Владата

Проектот што требаше да придонесе за успешно искористување на финансиските средства од ИПАРД-програмата и за поефикасна реализација на програмата ИПАРД 2, заврши денеска. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информираше дека целта на овој проект во вредност од 1,5 милион евра била да ѝ се даде поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и во руралниот развој во спроведување...

МЗШВ исплати 125 милиони денари субвенции за земјоделците

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство исплати околу 125 милиони денари субвенции за земјоделство, известуваат од таму. Најголемиот дел или околу 61 милиони денари се субвенции за дополнителна финансиска поддршка за сертифициран семенски материјал, 35 милиони денари за субвенција за литар предадено млеко, повеќе од 17 милиони денари се субвенции за предаден зеленчук во преработувачки капацитети. „Остатокот од исплатените субвенции се за...

Рокот за поднесување барања за субвенции за земјоделството истекува в петок

Рокот за поднесување барања за субвенции за земјоделството од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година истекува в петок, информира  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. До денеска, според податоците од подрачните единици на министерството, поднесени  се 66.126 барања. Најмногу барања има поднесено во подрачните единици во Кавадарци - 6.233, потоа во Струмица - 5.962 и во Куманово...

МЗШВ плати 207.000 евра долг за системот за наводнување на Јужно-вардарска Долина

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска плати 207.000 евра заостанат долг, за консултантски услуги за втората фаза од проектот „Програма за наводнување Јужно-вардарска Долина“. На овој начин, како што информираат од министерството, се откочува реализацијата на проектот, која беше блокирана поради тоа што претходната влада не плаќала редовно за консултантски услуги во изминатите две години. „Со подмирувањето на долгот овозможивме меѓународниот...

МЗШВ: Рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството е до 15 септември

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците дека рокот за поднесување барања за субвенции за земјоделство од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година, кој почна на 3 јули, трае до 15 септември. Земјоделците можат сами да поднесат барање за директни плаќања преку е-барање, кое е поставено на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...