fbpx

За една година се очекува поставување на нова градобијна опрема, мислењата поделени

-

За една година се очекува поставување на сосема нова, современа и целосно автоматизирана градобијна опрема во земјава. Мислењата за оправданоста од поставување на истата, поделени и кај земјоделците и кај метеоролозите.

Градобијната одбрана не функционира од 2008 година. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, работат на тоа да се постави сосема нова, современа и целосно автоматизирана опрема. Се очекува до 2019 на 181 точка низ Македонија да се постават системи за заштита од град. Од Управата за Хидрометеоролошки работи, велат дека станува збор за одлука која треба да се однесе без брзање.

– Западноверопските земји немаат градобијна заштита, повеќе ја користат источните земји така да ќе ги видиме сите предности и недостатоци, па ќе донесеме одлука – објаснува  Ивица Тодоровски, директор Управа за Хидрометеоролошки работи.

Земајќи ги предвид резултатите од досегашната примена на градобијната заштита, што се покажаа како незадоволителни и истовремено, следејќи ги европските и светските трендови, нашите соседи повеќе сугерираат осигурување на земјоделските површини.

– Во Република Српска се користат градобијните ракети, меѓутоа ние во во Федерацијата на БиХ не ги користиме. Решението е да се вметнат градобијните мрежи, но и да се осигураат имотите, тоа според мене е далеку поефикасен систем. Се поставува прашањето колку тие градобијни системи се ефикасни. Иако се зборува дека се 70 проценти, јас мислам дека се помалку и од 30 процнети – вели Алмир Бијдеиќ, директор Федерален хидрометеоролошки завод БиХ.

Земјоделците пак сугерираат дека не треба да одиме против природата. Велат дека треба да се користат други начини за заштита, како поставување на мрежи за заштита или да се оди на осигурување на земјоделските површини.

– Ако ги разбивате тие облаци кои носат град со себе влегувате во реметење на законите во природата. Ќе ги разбиете облаците и во зависност од струењето на воздухот, повторно може да се оформат облаци за дожд или за град на 100-150 км подалеку од нашиов регион и во моментот сме останале без вода – вели Ванчо Стојаноски, од земјоделска задруга „Охридска черешна“.

Според земјоделците, осигурувањето на земјоделските површини е добра идеја, но е прилично скапа. Се поставува и прашањето дали осигурителните компании воопшто имаат експерти кои реално би вршеле проценка на штетите од евентуално невреме и колкавав ќе биде надоместокот, кој моментално не покрива повеќе од 30 проценти од штетите.

Инаку според најавите од ресорното министерство приоритетни региони за поставување на новата градобијна опрема се Ресен, Преспа, Тиквешијата и Струмичкиот регион. Процесот се очекува да биде заокружен идната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...