fbpx

Објавен нов Јавен повик од ИПАРД 2 за земјоделците и сточарите

-

Денеска започна кампањата за информирање и едукација за ИПАРД-фондовите, со првата работилница на тема „Користење на средства од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020“.

„Овој повик овозможува земјоделските стопанства широк спектар на инвестции во примарното земјоделско и сточарско производство, вклучително и инфраструктурни зафати. ИПАРД-програмите се од исклучителна важност за развојот на македонското земјоделство и вклучуваат мерки кои директно им помагаат на нашите земјоделци. Затоа, со буџетот за 2019 година го зголемивме националното кофинансирање за ИПАРД од 60 милиони денари за 151 милиони денари“, изјави директорот на Платежната aгенција, Николче Бабовски

Од средствата кои ќе бидат кофинансирани, 75 отсто ќе бидат обезбедени од ИПАРД-програмата, а 25 отсто од средствата од буџетот. Вкупната финансиска поддршка за овој јавен повик е близу 12 милиони евра. Крајниот рок за поднесување на барањата е 09 февруари 2019 година.

„Со оваа мерка ќе може да се градат или реконструираат објекти за добиточна храна, складишта за храна, оранжери капацитети за ладење – калибирање и пакување на земјоделски производи. Исто така може да се набавуваат и машини и опрема за земјоделство, системи капка по капка, но, не и трактори, затоа што буџетот за оваа намена е искористен со претходниот Повик. Вкупната финансиска  поддршка во рамките на овој Јавен повик изнесува 11 милиони 883 илјади евра“, додаде Бабовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...