fbpx
Таг: загадување

таг: загадување

Почна гаснењето на пожарот во депонијата кај Струга

Откако граѓаните протестираа и се заканија со граѓанска непослушност, попладнево почна гаснење на пожарот во депонијата кај Струга, во акција на локалните власти во соработка со државни институции. В.д. градоначалникот на Струга е оптимист дека санацијата на депонијата може да заврши до крајот на овој месец. Побарано е и Дирекцијата за заштита и спасување да се вклучи со авиони, доколку има...

„За нас се работи“ поднесе кривична пријава против директорите на ЕЛЕМ и на РЕК Битола

Битолското здружението „За нас се работи“ денеска до Основното јавно обвинителство - Битола поднесе кривична пријава против седуммина директори и раководители на „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) и на РЕК Битола поради сторено кривично дело загадување на животната средина и на природата. Битолските екологисти кривичната пријава ја поднесоа против генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, директорот на РЕК Битола, Иван Куковски,...

Валандовци не успеаја, богданчани на референдум ќе го затвораат рудникот Казандол

Советниците на Општина Богданци вчера решија на 11 јуни да се организира референдум за или против работењето на рудникот за бакар Казандол. Петмина советници од ВМРО-ДПМНЕ, исто толку од СДСМ и еден од ВМРО-НП едногласно решија да се прифати иницијативата на граѓанското здружение „Спас за Богданци“, кое вчера со почеток 18 часот одржа протест во градскиот парк на кој присуствуваа...

ЛДП бара одговорност за набавка на палмите по нереално високи цени

Палмите за кои се потрошија еден милион евра народни пари не беа најавени во никаква предизборна или каква било друга програма на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата, велат од Либерално-демократската партија. „Палмите почнаа да се сушат уште во првите месеци од нивното засадување, но набрзина беа заменувани со други палми за да се прикрие нелогичноста на проектот. Сега е очигледно дека...

РЕК Битола: Ако има ветер, нема како да се спречи разнесувањето на пепелта

Пепелта што излегува од РЕК Битола и која претставува голем еколошки проблем за битолчани, и во следните девет години како и досега ќе се истура во т.н касети, кои потоа сe затрупуваат со земја. Според директорот за развој на инвестиции во РЕК Битола, Тони Паспаловски, најголем проблем е кога во моментот на истурање на пепелта во касети, ќе дувне ветер и...

Гевгеличани утре на референдум ќе одлучуваат за рудниците на Кожуф

Жителите на Гевгелија, утре на референдум ќе одлучуваат дали се „за“ или „против“ отворање рудници за злато на територијата на општината. Како што пренесоа медиумите, Владата изминатиот период дала концесии на меѓународни компании за геолошки истражувања на две локации во општината Гевгелија, односно на падините на планината Кожуф. Активистите на Граѓанското здружение „Спас за нас“ од Гевгелија, кое ја почна...

„Стентон градба“ привремено го затвори каменоломот над Битола

Концесионерот на каменоломот на Билбил-камен во близина на Битола, фирмата „Стентон градба“, одлучи привремено да престане со работа сè додека не добие интергирана еколошка дозвола Б од надлежните институции. Ова денеска, на прес-конференција кај каменоломот, го изјави Гоце Стојановски, инженер во фирмата. Според Стојановски, ставањето во мирување на рудникот претставува добар гест поради загриженоста на граѓаните на Битола, која, како...

Активистите против новите мерки за загадениот воздух

Прагот на алармирање за ПМ10-честичките да биде поставен при достигнување на просечна вредност поголема од 70 илиграми на еден кубен метар, два дена по ред, без оглед  дали станува збор за викенд или работен ден и без скриени услови. Ова е барањето што членовите на коалицијата за чист воздух „О2“ и на граѓанските здруженија „Ние сме Карпош 4“, „Воздух сега“ и...

Каменоломот кај Битола не доби Б-интегрирана еколошка дозвола за работа

Новиот рудник за гранит на Билбил Камен над Битола не успеа да ја добие Б-интегрираната еколошка дозвола за работа. Од Општината Битола за „Мета“ потврдуваат дека каменоломот сè уште ја нема оваа дозвола за ископ на руда. Вчера бил последниот ден кога требало да се издаде потребната дозвола. Рудникот е во близина на магистралниот пат од Ресен за Прилеп, кој...

На Меѓународниот ден на водите, „Арсена“ потсети на загадената вода во Гевгелија

Граѓанската иницијатива „Арсена“ подели пакувања чиста вода на штанд поставен на градското шеталиште во центарот на Гевгелија, по повод Меѓународниот ден на водите. Мотото на оваа акција беше „Здрава вода за здрав живот“, а целта беше да се актуелизира долгогодишниот проблем на гевгеличани со потребата од чиста вода за пиење, поради присуството на енормно високи концентрации на отровниот металоид арсен во водите од...

Намалена цена на парното ќе го намали загадувањето

Искористување на парното греење и намалување на цената на услугата за корисниците за околу 25 проценти, ќе значи и намалување на проблемот со загадувањето во Скопје. Ова е еден од главните заклучоци на студијата „Дефинирање на техно-економска оптимална и еколошки одржлива структура на греење и имплементирање на централизирано снабдување со санитарна топла вода на градот Скопје“, изработена од Машинскиот факултет...

Вработените во „Југохром“ в четврток повторно ќе го блокираат патот Тетово – Скопје

Синдикатот на „Југохром“ в четврток ќе организира нов протест поради, како што велат од синдикалната организација, неоправданото исклучување на печките на фабриката. Вработените во „Југохром“ ќе го блокираат регионалниот пат Тетово - Скопје, кај наплатната рампа Желино, во двата правци, а за време на протестот ќе ги соопштат своите барања. „Југохром“ престана со работа на 31 октомври минатата година, откако инспекторатот...

ВМРО-ДПМНЕ: Куманово и Струмица се едни од најзагадените градови во Македонија

СДСМ денеска лицемерно зборува за квалитетот на воздухот и за некаква наводна гасификација која ќе ја правеле по теркот на Струмица и Куманово, кога во овие два града постои само фиктивна гасификација од која граѓаните немаат никаков бенефит, нема поквалитетен воздух, туку само се злоупотребува за лични богатења на партиски функционери, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението...

СДСМ: Последните податоци за загадувањето се доказ за несериозноста на Владата

Последните податоци според кои Скопје, Тетово и Битола се во 10-те најзагадени градови во Европа уште еднаш ја докажа несериозноста на Владата во заминување, за решавање на проблемот со загадувањето, велат од СДСМ. „Власта во заминување која ги опустоши зеленилата во урбаните средини и на нивно место градеше згради заради остварување лични профити ја наруши циркулацијата на воздухот и ја...

ЛДП: Власта во заминување ја „промовира“ државата и по отровот што го дишеме

Власта во заминување, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на сите нас, ја „промовира“ државата во светот и по отровот што го дишеме, велат од ЛДП. „Трите најголеми градови во Македонија, Скопје, Битола и Тетово, ги полнат весниците и научните списанија низ светот токму поради енормно загадениот воздух кој, за жал, секојдневно го дишеме ние и нашите сограѓани. Власта на ВМРО-ДПМНЕ...

СДСМ: Јакимовски ќе се соочи со својот политички крај исто како Груевски

Стевчо Јакимовски ќе се соочи со својот политички крај, исто како што тоа му се случи на неговиот ментор Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ на интервјуто на градоначалникот на општина Карпош за „Радио Слободна Европа“. Од СДСМ велат дека на парламентарните избори на 11 декември граѓаните на Карпош кажале што мислат за работата на Јакимовски и на...

Јакимовски: Загадувањето во Карпош доаѓа од другите општини

Загадувањето во општина Карпош претежно доаѓа од другите - соседни општини, каде што домаќинствата користат дрва, ќумур или друг начин на греење, вели градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. „Загадувањето не е проблем на една општина во Скопје. Загадувањето е проблем од Шар Планина па се до Дервенската клисура. Значи мерки мора да...

Град Скопје од утре го прекинува бесплатниот превоз

Од утре се укинува мерката бесплатен превоз за сите граѓани затоа што загадувањето е под нормалната граница, соопштија денеска од Град Скопје. „Во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, коешто е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на честичките ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината....

Дождот и ветрот го исчистија воздухот

Сите мерни станици на Министерството за животна средина за квалитетот на воздухот покажуваат драстично намалување на аерозагадувањето во последните неколку дена во споредба со изминатиот викенд. Поради засилениот ветер и врнежите од дожд, утринава сите мерни станици покажуваат многу ниско или ниско ниво на загадување, освен мерната станица во Лисиче, која покажува средно ниво на аерозагадување. Мерната станица во Центар утрово...

Град Скопје апелира на помасовно користење на јавниот превоз

Градот Скопје смета дека има голем простор за помасовно користење на бесплатниот јавен превоз од граѓаните и апелира да се остават автомобилите и да се користат бесплатните услуги на јавните превозници, во период на голема загаденост на воздухот. Од градската администрација велат дека доколку дозволат временските услови, ќе ги прскаат градските улици со средството калциум магнезиум ацетат, но дека нема да...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...