fbpx
Таг: вработени

таг: вработени

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај се во прекин, поради штрајк на работниците

Железничкиот товарен и патнички сообраќај се во целосен прекин, бидејќи вработените штрајкуваат и си го бараат вториот дел од платите за октомври. Вчера, од „МЖ-Транспорт“ информираа дека најпрво беше прекинат товарниот сообраќај, а патничкиот, од синоќа на полноќ. Нема информација до кога возовите нема да сообраќаат и дали барањето на вработените ќе биде исполнето, што е услов за прекин на штрајкот.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Анѓушев ги лажат 1.700-те вработени во „Фени“, „Колска“ и „Еурокомпозит“

СДСМ си поигрува со судбините на над 1.700 вработени од фабриките „Фени Индустри“, „Колска“ и „Еурокомпозит“ и од доаѓањето  на власт па се до денес ги лаже вработените во овие три фирми, обвини Дарко Костовски на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Според Костовски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев во два наврати од септември досега ги уверувале вработените во...

Владата ќе го решава статусот на „Еурокомпозит“

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со синдикални претставници на фирмата „Еурокомпозит“, со кои разговарал за решавање на проблемите на 240 вработени. На средбата, Заев ги информирал синдикалните претставници дека следната недела на владина седница ќе се донесе одлука за обезбедување средства за една плата на вработените во „Еурокомпозит“. - Се разгледува можноста за решавање на егзистенцијалното прашање на вработените, кои...

Царовска: Зголемувањето на платата во градинките ќе биде до 2.040 денари

Eфектот од зголемувањето на минималната плата и зголемувањето од 2 процента кај вработените во градинките ќе биде до 2.040 денари во зависност од нивното работно место, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. - Основната бруто-плата пред зголемувањето од 2 процента за септември за одредено работно место би изнесувало 15.090 денари, со зголемувањето од 2 отсто на бруто-платата добиваме сума од 15.392...

Анѓушев: „Фероинвест“ и другите мои компании нема да учествуваат на државни тендери

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, најави дека „Фероинвест“ и другите компании кои се во негова сопственост, а законски имаат други управители, нема да учествуваат на државни тендери. Тој во емисијата „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“, појасни дека тендерот за компанијата ЕЛЕМ, случај кој предизвика бурни реакции во јавноста, бил распишан во февруари уште пред да се знае дека тој ќе...

Царовска: 220.000 работници се сиромашни, односно секој трет вработен

Според податоци од Министерството за труд и социјална политика, 220.000 работници, односно секој трет вработен е сиромашен, додека според одредени индикатори на Еуростат за 2015 година, 8,9 проценти од вработените се сиромашни. Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која се обрати на шестата национална конференција на сиромашни и социјално исклучени лица во организација на Македонската...

ССНМ: 45 проценти од македонските новинари примаат плата пониска од државниот просек

Речиси 45 проценти од македонските новинари примаат плата пониска од државниот просек, кој изнесува 22.808 денари. Ова го покажа новата анкета на Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ), спроведена во јули и во август годинава, користејќи го интернет-сервисот „Survey Monkey“. „ССНМ консултираше 127 медиумски работници, од кои околу 80 отсто работат како новинари, а другите се уредници, фоторепортери,...

Манчевски: Регистарот од 2 милиони евра не го дава точниот број на вработени во јавниот сектор

Претходната Влада потрошила 2 милиони евра за регистар за вработени во јавниот сектор, кој не ги содржи реалните информации за сите вработени во јавната администрација, вели министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во интервју за „Дојче веле“. - МИОА сега нема регистер што ги содржи реалните информации за сите вработени во јавната администрација. Иако за него се одвоени...

Рашковски: Претходната Влада потрошила 800 илјади евра за вработени кои седеле дома

Вкупно 166 државни службеници кои не доаѓале на работа во 2016 година го оштетиле буџетот за преку 800.000 евра, објави Генералниот секретар на владата на својот „Фејсбук“ профил. „Како се трошеле нашите пари. Веќе е покрената дисциплинска постапка и зависно од исходот ќе следува и соодветна судска постапка. Нанесена штета од преку 800.000 евра. Додека некој се потсмева на покачување...

Двајца вработени во УЈП на 37 компании им помогнале да избегнуваат плаќање на даноци

Двајца вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) им помагале на приватни и државни фирми во 2015 и 2016 година да избегнуваат плаќање на милионски долг на данок на добивка, информираше денеска на прес-конференција, директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Таа додаде дека компаниите се наоѓаат на листата на должници што ја објавува УЈП, а против двајцата вработени се води дисциплинска постапка,...

ВМРО-ДПМНЕ: Колку и да се труди, Манчевски нема да најде 180 илјади административци

Колку и да се труди, Дамјан Манчевски не може да најде 180 илјади или некој друг имагинарен број на вработени во јавната администрација со кој упорно ја манипулира јавноста, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за информатичко општество и администрација. Според опозициската партија прес-конференцијата на Манчевски е скандалозна бидејќи тој отворено кажува дека не го почитува...

Нема реална слика колку администрација имаме, регистарот не работи

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) нема официјална и веродостојна бројка на вработени во јавната администрација бидејќи регистарот за вработените не функционира, односно во него нема податоци од сите државни институции, а и оние што ги има, постојат сомневања дека голем број од нив не се уредно пополнети. Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за информатичко општество и...

ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски лаже за бројката од 7.708 лица вработени во администрацијата

Во врска со 7.708 лица кои наводно се вработени во државната администрација во периодот од донесување на одлуката за распишувањето на изборите на 17 октомври лани до денот на формирањето на новата влада на 31 мај годинава, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, лаже на нему својствен и дрзок начин, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Манчевски. Од...

Компанијата „Фиат“ и синдикатот постигнаа договор, работниците го прекинаа штрајкот

Раководството на компанијата „Фиат“ и синдикатот потпишаа договор со што се стави крај на штрајкот во фабриката во Крагујевац. За време на разговорите било договорено зголемување на платите во согласност со стапката на инфлација, која ја проектирала Народна банка на Србија за наредните три години. Исто така, било договорено исплата на новогодишен бонус во август, а остатокот да биде исплатен во...

Повторно труење со храна кај вработени во тетовската фабрика „Леар“

Дваесет и пет вработени од фабриката „Леар“ биле примени во тетовската клиничката болница заради интервенција поради гадење и повраќање. Работниците потоа се пуштени на закрепнување дома. Тоа се случило по денешниот појадок, а од тетовската брза помош информираа дека кај дел од луѓето интервенирале во фабриката, а некои самите дошле да побараат помош. Според неофицијалните сознанија, труењето најверојатно настанало од консумирање салама...

Шефот на УБК до вработените: Нè чекаат големи реформи во кои ќе нема простор за компромиси

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Николовски, денеска преку писмо до вработените во УБК, ја презентираше мисијата и визијата за Управата, кои, како што вели, ќе бидат водилка на патот кон „создавање нова служба во согласност со европските стандарди“. Николовски на почетокот на писмото забележува дека на позицијата директор доаѓа во време кога сликата за УБК е...

Просечната нето-плата во април изнесувала 22.672 денари

Просечната месечна нето-плата по вработен во април изнесува 22.672 денари и во однос на истиот месец лани бечежи зголемување од 1,4 отсто, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување е резултат, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна нето-плата исплатена во секторите информации и комуникации (22,4 проценти), рударство и вадење камен (14,7 проценти) и трговија на големо и трговија на мало, поправка...

Министерство за култура: Во времето на ВМРО-ДПМНЕ трипати се зголемил бројот на вработени

Пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, во Министерството за култура биле вработени 51 лице, а во моментов се вработени дури 159 административни службеници, соопштија од Министерството за култура. Притоа, оттаму ги отфрлуваат обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека новиот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, избркал тројца од вработените во министерството. „Не се работи за административни службеници во редовен работен однос туку за...

Просечната нето-плата во март изнесувала 22.445 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017 изнесувала 22.445 денари, а бруто-платата изнесувала 32.999 денари објави Државниот завод за статистика. Просечната плата во март била повисока за 1,8 проценти во однос на истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување (7,5 проценти),...

Заев – Жбогар: Избран е новиот собраниски претседател, треба да се избере и новата влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретнал со евроамбасадорот Самуел Жбогар, информираат од партијата. Во соопштението се вели дека двајцата соговорници констатирале дека е заокружено формирањето на парламентот со изборот на новиот собраниски претседател и дека демократскиот процес мора да продолжи со формирање на новата реформска влада. Иако програмата на новата влада е позната за целата домашна и меѓународна јавност,...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...