fbpx
Таг: возови

таг: возови

Експресниот кинески воз за Битола „времено“ е укинат веќе цела година, прескапа била поправката

Експресниот воз „Хераклеа“ на релацијата Скопје - Битола е укинат веќе една година, без најави за негово повторно враќање во сообраќај. И покрај бројните реакции на граѓаните за повторно воведување на овој воз, од Железници на РСМ - Транспорт велат дека еден од новите кинески возови е расипан и неупотреблив за сообраќај. - Поради високата цена за поправка како и...

Меѓународни возови премалку, граѓаните приморани да плаќаат поскапи автобуски карти (инфографик)

Македонија е една од ретките европски земји каде меѓународниот железнички сообраќај е пред замирање. Покрај отсуството на експресни возови кон поголемите градови во текот на целата година, за граѓаните не се воведени ниту прекугранични возови кон Србија, Грција и Косово. Жителите од пограничните градови се приморани да плаќаат поскапи автобуски билети, поради фактот што националните железнички управи имаат организирано...

Аеродромскиот воз нема да тргне во следните три години

Во Националната програма за железничка инфраструктура за периодот 2019 - 2021 година не е впишан проектот за воведување на воз од скопската железничка станица до Меѓународниот аеродром „Скопје“. Министерството за транспорт и врски го вклучи овој проект во Националната транспортна стратегија 2018 - 2030 година, но за негова конкретна реализација треба допрва да се изработи физибилити студија, како и...

Грчката железница засега нема интерес за воведување воз од Битола до Лерин

И покрај тоа што пругата од Битола до Кременица на македонско - грчката граница е веќе изградена, на неа во скоро време нема да минуваат патнички возови. Грчкиот железнички оператор - TrainOse не е заинтересиран за воведување пограничен воз меѓу Битола и Лерин. Како што информираат за „Мета“ од Железници на РСМ - Транспорт, на 30 мај во Скопје...

Од 15 јуни со воз до Солун со повратна карта од само 756 денари

Железници на РСМ-Транспорт од 15 јуни повторно го воведуваат експресниот воз од Скопје до Белград и до Солун. Возот од македонската метропола кон Солун ќе поаѓа секој ден во 4.45 часот, со пристигнување на солунската железничка станица во 9.33 часот, од каде ќе може да се фати врска со грчки воз за летувалиштата во Литохоро, Лептокарија и Неи Пори....

Патувањето со воз продолжува да опаѓа, расте транспортот на стока

Foto: Borce Popovski
Патничкиот железнички сообраќај е во минус со бројот на превезени патници во првите три месеци од 2019 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал со железница биле превезени 130.000 патници или за 1,5 отсто помалку во споредба со истиот период од минатата година. Ваквиот податок доаѓа по годинешново намалување на и онака малиот број возови, и...

Патниците му дале тројка на квалитетот на услугите во македонските возови

Foto: Borče Popovski
Патниците во македонски возови оцениле дека лани се подобриле условите за патување со воз во споредба со 2017 година. Квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните при патувањето со возовите на Железници на РСМ - Транспорт е 3,01, се наведува во Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2018 година. Спроведената анкета меѓу патниците...

Таксистите лани превезле за 12 пати повеќе патници низ Македонија од возовите (инфографик)

Наместо да доминира во националниот превоз на патници, железницата лани успеала да превезе за 12 пати помалку патници во споредба со таксистите. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во меѓуградскиот превоз со такси возила во 2018 година биле превезени дури 6.406.000 патници. Наспроти таксистите, лани со македонските возови патувале само 534.000 лица во домашниот железнички сообраќај. Актуелната...

Градска железница во Скопје: Прво анализа, потоа изградба

Проектот за воведување на градско - приградска железница во Скопје би создал услови за урамнотежен развој на главниот град, но најпрво ќе мора да се направат соодветни студии и да се пронајдат позначајни финансиски средства за неговата изведба. Владата во својата 4 - годишна програма за работа, во делот на инфраструктурата, го има вметнато проектот за воспоставување на приградски...

Првиот патнички воз успешно ја тестираше пругата Битола – Кременица

Извор: Facebook page of the Bitola-Kremenica Project
Успешно помина првичното тестирање на пругата од Битола до Кременина на македонско - грчката граница. Патнички воз на Железници на РСМ - Транспорт денеска направи пробно возење на пругата долга 17 километри. Екипите ја тестираа поставената сигнализација долж целата траса, вклучувајќи го и работењето на семафорите на влезот и излезот од железничките станици и рампите на железничките премини. На...

Градот Скопје и Железници размислуваат за комбиниран билет за воз и автобус

Град Скопје и Железници - Транспорт се заинтересирани за воведување на нова, комбинирана карта за патување со воз и јавен превоз во главниот град. Ваквиот билет веќе се користи во поголемите градови од развиените земји, а со него би им се овозможило на граѓаните со една карта да извршат трансфер од автобус во воз и обратно, со цел полесно...

„Скопска“, освен за билети на ЈСП, да се користи и за други плаќања

По повеќе од две години од нејзиното воведување, електронската картичка „Скопска“ сè уште се користи единствено за патување со јавниот автобуски превоз во Скопје. Експертите посочуваат дека скопските јавни претпријатија треба да се обидат на оваа картичка да го вклучат и плаќањето паркинг за возилата, изнајмувањето велосипед, па дури и некои нетранспортни услуги од типот на посета на музеј...

Железничкото депо „Лисиче“ делумно обновено со заем од ЕБОР

По три години изведба, целосно е обновена една од халите во железничкото депо „Лисиче“ во Скопје. Со 2 милиони евра се обнови работилницата за поправки и одржување на моторни возови и локомотиви, додека за останатите објекти од овој комплекс нема предвидено средства за реконструкција. Од Железници - Транспорт велат дека не се предвидени понатамошни зафати со подигнатиот заем од Европската...

Подемот и падот на железницата – за три децении за 12 пати намалено патувањето со воз (видео)

video
Изблиците на неизмерна среќа кога се дочекува некој близок, тажните збогувања низ солзи со оние што патуваат далеку, испраќањето во војска, или пак, на студии во странство, бакнежите, прегратките, солзите, смеата веќе не можат да се забележат на пероните на една од најголемите железнички станици на Балканот. На скопската железничка станица нема повеќе испраќање на шопинг во Трст или во...

Kамења, бетонски цигли, контејнери: Вандалите со „иновативни“ методи удираат по возовите

Нема крај на фрлањето камења по возовите во движење и на поставувањето предмети на пругите. За помалку од еден месец, два пати беа каменувани возови во Скопје. Викендов беше повреден машиновозач при каменувањето на воз во населбата Скопје Север. Пред три недели, возот Скопје - Кичево беше каменуван на пругата помеѓу Сарај и Кондово. Од Македонски железници - Транспорт велат дека во...

Новите кинески локомотиви ова лето ќе почнат да возат по македонските пруги

Најдоцна до април ќе пристигне првата од четирите нови електрични локомотиви за Македонски железници - Транспорт, набавени од кинеската компанија ЦРРЦ Џуџоу. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета“ информираат дека останатите локомотиви постепено ќе пристигнуваат во наредните месеци, а вкупната инвестиција во обновата на возниот парк на МЖ - Транспорт изнесува 7 милиони евра. Кинеските електрични локомотиви ќе...

Дрезина пред секој воз: МЖ со нови мерки за безбедност на критичните места (инфографик)

Македонски железници - Инфраструктура презема превентивни мерки за обезбедување максимална безбедност на патниците што патуваат со воз. По двете железнички несреќи што се случија на почетокот од годинава, вработените од железницата вршат континуирана визуелна контрола на косините долж пругите, при што сомнителните карпи се отстрануваат за да не дојде до сличен инцидент во иднина. Дополнително, на критичните места каде...

Железничка изолација: Скопје – Блаце ни е единствениот меѓународен воз (инфографик)

Од македонскиот главен град со воз во странство може да се патува единствено до Блаце. Брзиот воз до Приштина е единствената странска дестинација до која можат да патуваат граѓаните. Во актуелниот возен ред на Македонски железници - Транспорт е наведено дека возот кон Солун и Белград ќе сообраќа само налето. Воедно, од Железничката станица во Скопје за годинава се предвидени...

„На кафе во Солун“ – нов проект на македонските и грчките железници

Македонски железници - Транспорт е во преговори со грчкото железничко претпријатие TrainOSE за воведување на нови поаѓања од Скопје за Солун, за туристичките центри Лептокарија и Неи Пори, но и за директна врска од Скопје до Истанбул. Проектот „На кафе во Солун“ ќе овозможи секојдневно железничко поврзување меѓу Скопје и омилената дестинација за шопинг на Македонците. Од МЖ-Транспорт велат дека...

Двајца загинати во железничка несреќа во БиХ

Две лица загинаа, а едно е потешко повредено при судир на два товарни воза во Долна Јабланица во Босна и Херцеговина. Несреќата се случила вчера во 23.10 часот во близина на железничката станица, откако едната локомотива поминала на црвено и директно се судрила со другата. Загинатите се железнички работници од Сараево. Eден нивни колега успеал навреме да скокне од возот...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...