fbpx
Таг: Владимир Путин

таг: Владимир Путин

Путин: Грција не побарала помош од Русија

Грција не побарала помош од Русија за решавање на должничкиот проблем, изјави Владимир Путин. Тој рече дека на кризата гледаат со големо внимание, но дека се надеваат оти кризата ќе биде решена наскоро. Путин запраша каде била Европската комисија кога се трупале проблемите на Грција и зошто не ја корегирала економската политика на претходната грчка Влада.

Путин бара разговор со Ципрас

Ненадејното пристигнување на министерот за енергија, Панајотис Лафазанис, во претседателската палата и среде лидерската средба, разгоре информации дека рускиот претседател Владимир Путин бара директна линија со Ципрас. Според информациите, се очекува Ципрас за кратко, во текот на паузата од лидерската средба, да разговара со Путин. Неофицијално, Ципрас на лидерите на опозициските грчки политички партии, со кои разговара речиси четири часа, им побарал да...

Путин: Земјите од Блискиот Исток да ѝ помогнат на Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин ја повтори денеска поддршката на сирискиот претседател Башар ел Асад и апелираше до земјите од Блискиот Исток да се здружат во борбата против екстремистите на Исламска држава. Шефот на сириската дипломатија, Валид ел Моалем, имаше непланиран состонак со Путин во Кремљ, а потоа се сретна и со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Путин во...

Путин и Ципрас не разговарале за финансиска помош за Грција

За време на денешните разговори, рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас не разговарале за финансиска помош од Русија за Грција, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. - Лидерите ја нагласија потребата од соработка на планот на билатералните инвестиции, но во контекст на вообичаените односи меѓу двете земји - изјави Песков. Путин и Ципрас се состанаа во екот на...

Путин: Руската војска наскоро ќе добие интерконтинентални ракети

„Годинава 40 интерконтинентални проектили од нова генерација ќе влезат во состав на вооружувањето. Тие се во состојба да ги пробијат најсовршените системи за противракетна одбрана“, рече Путин на отворањето на меѓународниот форум „Армија-2015“, објави „Руска реч“. Путин најави дека во наредните неколку месеци ќе биде извршено тестирање на радар со долг радиус, што треба да го потврди владата и дека...

Путин: Идеалите за патриотизмот во Русија, никој не може да ги промени

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека идеалите за патриотизмот, кои со успех и со гордост се сочувани, се толку длабоки и силни што никој никогаш нема да успее да ја потчини Русија и да ја обликува според сопствени мерки. По повод 12 јуни, Денот на Русија, шефот на државата во Кремљ традиционално ги врачи државните награди за посебни псотигнувања...

Путин им прати бакнеж на обожавателките во Италија

Рускиот претседател Владимир Путин го посети миланскиот „Експо“, каде обожавателите го пречекаа со аплаузи и со вресоци. Сепак, тоа што го привлече вниманието на медиумите, е бакнежот кој рускиот претседател им го испрати на обожавателките. Во стилот на филмските и на музичките ѕвезди, Путин, со насмевка на лице, мавтајќи им, им пратил бакнеж, а потоа се упатил на ручек со италијанскиот...

Путин на средба со папата Франциск во Ватикан

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе отпатува во Ватикан на средба со шефот на Римокатоличката црква, папата Франциск, со кој ќе разговара за голем број прашања - од ситуацијата во Украина, па сè до ситуацијата на Блискиот Исток, изјави денеска советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков. - Двајцата официјални претставници ќе разговараат за „голем број билатерални и меѓународни прашања, особено...

Путин: Европа не треба да се плаши од Русија

Идејата дека еден ден Русија би можела да ја нападне НАТО е бесмислена и нема никаква основа, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервјуто за италијанскиот весник „Кориере дела сера“. Тој вели дека Европа не треба да стравува од Русија и додаде оти „можеби некој има интерес да поттикнува такви стравови кај европските граѓани“. - Можеби САД сакаат да го спречат приближување...

Путин издаде декрет со кој воените загуби во мирновременски услови стануваат тајна

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој воените загуби во специјални операции во мирновременски услови се строго доверливи. Уредбата за измени и за дополнувања на претседателскиот декрет, кој датира од 1995 година, на база на податоци што се однесуваат на државни тајни, е објавен на 28 мај на интернет-страницата на руската законска регулатива. Пред овој амандман, само информации за руските...

Путин: Стабилноста на Македонија е интерес на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Кремљ внимателно ја следи ситуацијата во Македонија и оти стабилноста на Македонија е во интерес на Русија. Путин денеска во Москва прими акредитиви од 13 нови амбасадори, меѓу кои и на македонскиот дипломат Гоце Карајанов. - Длабоки историски корени, културна и духовна блискост, тоа е тоа што ја поврзува Русија со Република Македонија. Ние внимателно...

Путин ги обвини САД за мешање во работата на ФИФА

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини САД за мешање во работите на ФИФА и оти се обидуваат да го спречат реизборот на Сеп Блатер за петти претседателски мандат на чело на светската фудбалска федерација. Путин синоќа, на националната руска телевизија, рече дека апсењето на седум челници на ФИФА во Цирих врз основа на обвиненија од САД е „јасен обид да се...

Путин: Русија не треба да се откаже од странските инвестиции

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не би требалo да се откаже од странските инвестиции и технологии. - Не би смееле, по ниту една цена, да се откажеме од странските инвестиции и технологии, кои би можеле да ни помогнат во економскиот пораст – рече Путин. По руската анексија на украинскиот полуостров Крим во март 2014 година, Западот воведе санкции кон...

Кремљ не ја исклучува можноста за телефонски разговор меѓу Обама и Путин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска не ја исклучи можноста за телефонски разговор меѓу американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Русија, Владимир Путин. - Не ја исклучуваме таквата можност. Во случај лидерите да се договорат по дипломатски канали, секако дека таквиот разговор може да се случи ако е неопходен – рече Песков. Песков, сепак, рече дека засега нема никаков договор. -...

Путин: Седиме со Шредер во сауна и…

Рускиот претседател Владимир Путин и годинава на телевизиската конференција, на која граѓаните му поставуваат прашања, повторно изненади со неколку сосема необични одговори. На годинешната „Директна линија“, која се одржува по 13. пат, Путин морал да одговара и на прашања поврзани со „вселенска политика“, но и на такви кои се поврзани со неговите лични филозофски гледишта. Еден од работниците што работи...

Путин: Најлошото заврши – економијата ќе закрепне за две години

Руската економија би можела да закрепне и да оствари пораст за помалку од две години, оцени претседателот на Русија, Владимир Путин, во годишната телевизиска конференција на која граѓаните му поставуваат прашања. - Ја преживеавме кулминацијата на проблемите. Руските банки и корпорациите го исплатија својот странски долг. Руската економија ќе закрепне за две години. Мислам дека ги презедовме вистинските мерки – рече...

Путин лани заработил двојно повеќе, но многу помалку од соработниците

Претседателот на Русија, Владимир Путин, пријавил дека минатата година заработил 7.654.000,42 рубли (138.554 евра), двојно повеќе во споредба со 2013 година, кога заработил 3.672.208 рубли (66.474,80 евра). Сепак, тоа не е ни приближно со сумата на неговиот најплатен соработник, кој заработува 11 пати повеќе од него. Кремљ ги објави имотните листови на највисоките функционери, а според нив, вториот човек на...

Ципрас: Сакаме Балкан без национализам и иредентизам

Грција сака да остане фактор на стабилност и на безбедност во балканскиот регион и да стави крај на национализмот и на националистичките политики на Балканот. Ова од Москва, од говорницата на Институтот за меѓународни односи, го порача грчкиот премиер Алексис Ципрас, за време на неговата официјална посета на Русија. - Поддржуваме активна балканска политика, далеку од национализмот и од иредентистичките планови...

Путин: Грција нема побарано финансиска помош од Русија

Атина формално нема побарано финансиска помош од Москва за враќање на својот долг, изјави рускиот претседател Владимир Путин, по денешната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Москва. - Грчката страна не нè контактирала со никакво барање за помош – рече Путин, одговарајќи на новинарско прашање дали Русија ќе ѝ помогне на Грција во справувањето со долгот. Русија директно нема да...

„Билд“: Коваат ли Ципрас и Путин план против Меркел

Германскиот весник „Билд“, по повод денешната средба во Москва на грчкиот премиер Алексис Ципрас и на рускиот претседател Владимир Путин, го поставува прашањето дали станува збор за пакт против канцеларката Ангела Меркел. - Цел свет, сепак, се прашува што навистина планираат Ципрас и Путин со таа своја средба зад ѕидините на Кремљ и тоа пред можниот државен банкрот на Грција...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...