Путин: Седиме со Шредер во сауна и…

-

Рускиот претседател Владимир Путин и годинава на телевизиската конференција, на која граѓаните му поставуваат прашања, повторно изненади со неколку сосема необични одговори.

На годинешната „Директна линија“, која се одржува по 13. пат, Путин морал да одговара и на прашања поврзани со „вселенска политика“, но и на такви кои се поврзани со неговите лични филозофски гледишта.

Еден од работниците што работи на изградба на космодром го праша Путин кога ќе добијат плата, бидејќи со месеци не примиле паричен надомест.

Путин сакал да го дознае неговото име и рекол дека заедно ќе го решат проблемот. За ситуацијата го обвини генералниот изведувач на работите.
Највпечатлив соговорник во првиот час од „Директната линија“ со Путин бил „обичниот руски селанец Џон“, кој предупреди колку е загрозено земјоделството.

Земјоделецот по име Џон Кописки му објасни на Путин дека се преселил од Велика Британија пред 23 години кога се оженил со Русинка. Со жената и со петте деца живее во Русија и се занимава со земјоделство.

– Јас се чувствувам како Русин, а Вас Ве прашувам дали навистина верувате во статистичките податоци што ги добивате“ – го праша Џон рускиот претседател.
Путин доби прашање и дали би сакал да се клонира, на што кратко одговорил „не“.

Одговарајќи на прашање, дали смета дека пријателите го злоупотребуваат пријателството со него, Путин рече: „Не само пријателите. Сите се обидуваат да извлечат корист од тоа“.

Рускиот претседател потоа раскажа приказна за поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој инсистирал да си го допие пивото пред да ја напуштат вжештената сауна.

Момченце, кое и самото сака да стане претседател на Русија, го прашало Путин колку часа спие, бидејќи тој многу сакал да спие.

Путин одговорил дека момчето ги има сите предиспозиции за еден ден да стане претседател и оти сонот и здравјето се особено важни.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...