fbpx
Таг: Владимир Путин

таг: Владимир Путин

Меј му порача на Трамп „да се чува од Путин“

Британската премиерка Тереза Меј е првиот странски лидер што пристигна во официјална посета на новиот американски претседател, Доналд Трамп. Шегувајќи се дека „спротивностите се привлекуваат“, премиерката го повика Трамп да ги обноват „посебните односи“ на Велика Британија и на САД и заеднички да го водат новиот свет. Сепак, таа го предупреди Трамп „да се чува од Владимир Путин“, пренесува „Индипендент“. - Пред нашите...

Путин и Трамп в сабота ќе разговараат, соопшти Кремљ

Претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, в сабота телефонски ќе разговараат, соопшти Кремљ. Соопштението следи откако Трамп во интервју за „Фокс њуз“ рече дека наскоро планира да има телефонски разговор со Путин. Трамп рече дека не разговарал со Путин во периодот по инаугурацијата на 20 јануари, додавајќи дека рускиот претседател му се јавил по победата на...

Официјална Москва тврди дека сè уште нема контакти со Трамп

Кремљ смета дека за средба помеѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и претседателот на САД, Доналд Трамп, може да се разговара откако ќе почнат контактите помеѓу новата американска администрација и Москва. Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дека тоа сè уште не се случило. - Рано е да се зборува за какви било иницијативи затоа што претседателот Трамп дури сега почнува со активностите –...

Не го познавам Трамп, ниту го барам, ниту го напаѓам, порача Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не го познава Доналд Трамп и оти нема основа ниту да го напаѓа, ниту да го брани. Тој ја обвини американската администрација во заминување дека се обидува да го поткопа легитимниот избор на Доналд Трамп за претседател на САД. - Лично не го познавам господин Трамп. Никогаш не сум го сретнал и не знам...

Ердоган: Ќе се бориме докрај против сите напади на терористичките групи

По повод терористичкиот напад во ноќен клуб во Истанбул, во кој загинаа 39 лица, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција ќе се бори докрај против сите напади на терористичките групи и на нивните поддржувачи и додаде дека ваквите напади не се независни од случувањата во регионот. - Тие се обидуваат да создадат хаос, да го деморализираат нашиот...

Путин: Тешкотиите во 2016 година ја обединија Русија

Тешкотиите со кои се соочуваше Русија во 2016 година ја обединија земјата и поттикнаа отворање на нови можности за државата да тргне напред, порача рускиот претседател, Владимир Путин, во традиционалното новогодишно обраќање. - 2016 година беше тешка и полна со предизвици. Најважно е да веруваме во себе и во својата држава. Работиме успешно и остваруваме – изјавил Путин. Тој им се...

Путин одлучи да не протерува американски дипломати

Рускиот претседател Владимир Путин денеска одлучи дека Москва нема да протерува американски дипломати како одговор на санкциите на Вашингтон. Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, претходно предложи да се протераат 35 американски дипломати. Претседателот на САД во заминување, Барак Обама, синоќа потпиша декрет за воведување нови санкции кон Русија поради мешање во американските претседателски избори и наложи протерување на 35 руски...

Руското МНР контра Вашингтон, бара од Путин да протера 35 американски дипломати

Руското министерство за надворешни работи повика од земјата да бидат протерани 35 американски дипломати од Русија, како одговор на потегот на Вашингтон, кој вчера протера идентичен број руски дипломати од земјата од САД, јавува „Би-би-си“. Министерот за надворешни работи на Русија изјавил дека барањето за протерување на американски дипломати веќе било испратено до претседателот Владимир Путин. Администрацијата на Барак Обама на 35...

Постигнат договор за прекин на огнот во Сирија, соопшти Путин

Сириската влада и бунтовничките сили постигнале договор за примирје, кое ќе стапи на сила на полноќ по локално време. Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, претходно рече дека Турција и Русија ќе бидат гаранти на каков било договор. Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот во Сирија и дека Москва и Анкара ќе бидат...

Путин: Не се намалува бројот на проблематични точки во светот

Бројот на проблематични точки во светот не се намалува, а конфликтите не се решаваат во посакуваниот обем што предизвикува загриженост, вели рускиот претседател Владимир Путин. - Затоа е тешко да се решат односите во многу делови од светот. Бројот на проблематични точки во светот не се намалува – истакна Путин за време на советот на Организацијата за колективна безбедност (ОДКБ). Путин...

Понеделник ќе биде ден на жалост во Русија, соопшти Путин

Рускиот претседател Владимир Путин го прогласи понеделник за ден на жалост поради падот на рускиот авион на министерството за одбрана, во кој загинаа 92 лица. Авионот падна во Црното Море во близина на Сочи, две минути по полетувањето. - Утре ќе биде ден на национална жалост во Русија – им рече Путин на новинарите. Рускиот претседател претходно изрази сочувство до семејствата...

Не знам зошто САД велат дека се најсилни, изјави Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не е толку изненаден од изјавите на Доналд Трамп за нуклеарното вооружување колку што го зачудуваат зборовите на администрацијата во заминување. Според него, најавите на новоизбраниот претседател на САД за зајакнување на нуклеарниот арсенал се продолжение на тоа што го говорел во кампањата. - Сепак, ме изненадува тоа што стигна како реакција од администрацијата на Обама....

Трамп бара САД да го зајакнат и да го прошират својот нуклеарен арсенал

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вели дека САД треба во „голема мера да го зајакнат и да го прошират својот нуклеарен арсенал“. Трамп, кој официјално треба да ја преземе претседателската функција следниот месец, на својот официјален твитер-профил напиша дека САД мора да преземат ваков чекор „сè додека светот не се вразуми во врска со нуклеарното оружје“. https://twitter.com/realDonaldTrump/status/811977223326625792 Пораката на...

Ердоган: Убиството на амбасадoрот е напад на турско-руските односи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди убиството на рускиот амбасадор во Турција и рече дека ова е провокација за нарушување на руско-турските односи. - Ова е напад на Турција, на турската држава и на Турците и е јасна провокација на турско-руските односи. Сигурен сум дека нашите руски пријатели ќе го видат овој факт исто така – рече Ердоган. Дека убиството...

Путин и Ердоган разговараа за одржување преговори за Сирија во Казахстан

Претседателот на Русија, Владимир Путин, телефонски разговарал со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за најновите случувања во Сирија, соопшти синоќа прес-службата на Кремљ. Двајцата претседатели разговарале за можноста за одржување преговори меѓу сириските власти и умерената опозиција во казахстанскиот главен град Астана, при што, како што соопшти Кремљ, ја нагласиле потребата од блиска соработка меѓу Москва и Анкара во решавањето...

Следната фаза во Сирија е целосен прекин на огнот, порача Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Токио изјави дека по ослободувањето на Алепо, следна фаза во нормализирањето на ситуацијата во Сирија е целосен преки на огнот во земјата. - Следната фаза е постигнување договор за целосен прекин на огнот на територијата на цела Сирија - рече Путин по средбата со јапонскиот премиер Шинѕо Абе. Путин, исто така, истакна дека пред два дена...

Путин е најмоќниот човек во светот за 2016 година според магазинот „Форбс“

Рускиот претседател Владимир Путин е најмоќниот човек во светот, според денеска објавената ранг-листа на најмноќни луѓе за 2016 година на американскиот магазин „Форбс“. Путин е прв на ранг-листата на „Форбс“ веќе четврта година по ред. Во годинешното рангирање по рускиот претседател на втората позиција се наоѓа новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, а трета е германската канцеларка Ангела Меркел. https://twitter.com/Forbes/status/809028409766645760 „Лидерот на...

Путин: Санкциите се пречка за нормализација на односите со Јапонија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека санкциите кои Запад ги воведе кон Русија претставуваат пречка за разговорите за мировен договор со Јапонија. Путин во интервју за јапонскиот весник „Јомијури“ пред состанокот со премиерот Шинзо Абе на 15 и 16 декември изјави дека сака да разговараат за заедничките активности во врска со спорните Курилски Острови. Според неговите зборови, Русија е подготвена да...

Путин: Трамп е паметен човек и бргу ќе се прилагоди на новата улога како претседател

Успесите во бизнисот на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, покажуваат дека тој е паметен човек кој бргу ќе се прилагоди на новата улога, изјавил рускиот претседател Владимир Путин, во интервју за телевизијата НТВ, пренесува „Раша тудеј“. „И, бидејќи е паметен, тоа значи дека целосно и многу бргу ќе стане свесен за различното ниво на одговорност. Претпоставуваме дека тој ќе...

Путин нареди итно да се испратат мобилни болници во Алепо

Рускиот претседател Владимир Путин му наредил на министерството за одбрана и за вонредни ситуации да испрата мобилни болници во Алепо што е можно побргу. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин наредил војската да им пружи „медицинска помош на жителите на Алепо и на околните места“. Русија воено ги помага силите на сирискиот претседател Башар ал Асад во обидот да...

ЦУК: Поплавени подруми во охридско од поројниот дожд

Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Регионалниот...