fbpx
Таг: влада

таг: влада

ВМРО-ДПМНЕ следната недела ќе почне преговори со ДУИ за формирање влада

ВМРО-ДПМНЕ очекува во текот на следната недела официјално да ги почне преговорите со ДУИ за состав на нова влада, а дали ќе успеат, ќе се знае на истекот од законскиот рок, односно 29 јануари, вели Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во интервју за телевизија „Канал 5“. - Не планираме да формираме влада по секоја цена, особено не по цена на менување...

Попоски за „Ла Верита“: Брзо формирање влада за да се избегне странското мешање

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, во интервју за италијанскиот весник „Ла Верита“ вели дека најдобар начин да се одолее на странското мешање е бргу да се состави влада. - Од денеска до крајот на месецот ќе се соочиме со денови кои се решавачки за нашата земја. Подготвени сме да излеземе од тоа постабилни и посилни....

Алијанса за позитивна Македонија бара ВМРО-ДПМНЕ веднаш да го врати мандатот

Алијансата за позитивна Македонија смета дека развојот на актуелната политичка состојба во државата не се одвива според волјата на мнозинството граѓани искажана на вонредните парламентарни избори на 11 декември 2016 година, коишто гласаа за промена на десетгодишното владеење на режимот на Никола Груевски. „Сузбивањето на криминалот и на корупцијата, владеењето на правото и независноста на судството, почитувањето и заштитата на...

Хојт Ји: Брзо формирање влада, партиите да ги почитуваат Уставот и СЈО

Сега е важно политичките партии да преговараат, да најдат начин да формираат коалициона влада. Мошне е битно политичките лидери да работат што е можно побрзо и поефикасно и да постигнат договор, за ова да не биде предолг процес, вели заменикот помошник државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Брајан Хојт Ји, во изјава за „Гласот на...

Март, април, мај или јуни: Кога точно им истекува мандатот на Јанева и на СЈО?

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим имаат уште околу шест месеци (значи до 4 јуни, односно 30 јуни!) за отворање истраги и за поднесување обвиненија за случаите што се поврзани и кои произлегуваат од „бомбите“ на СДСМ, односно од незаконското следење на комуникациите. Ова произлегува од актуелниот Закон за СЈО, во кој е определено дека СЈО има 18 месеци „од преземањето...

И ЦК на ВМРО-ДПМНЕ му даде поддршка на Груевски за разговори за формирање влада

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница ги прифатил вчерашните заклучоци на извршниот комитет и му дал целосна поддршка на претседателот на партијата и мандатар, Никола Груевски, за претстојните разговори за формирање на идната влада. Со седницата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, раководел Груевски, а на неа се дискутирало за актуелната состојба во земјава и за резултатите од предвремените парламентарни...

Постизборни апсурди: Премиерот ни е технички, владата политичка, Собранието без претседател…

По тесните резултати од предвремените избори, државава се најде во состојба која е полна со куриозитети, прашања и со дилеми. Премиерот веќе цела година (од 18 јануари 2016!) ни е „за спроведување избори“, за владата не се знае дали ни е техничка, преодна или нешто трето, Собранието е конституирано, ама нема претседател... Македонија од 30 декември номинално има парламент, но нема...

ИК на ВМРО-ДПМНЕ му даде легитимитет на Груевски за да почне разговори за новата влада

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница со која раководеше претседателот на партијата Никола Груевски. - Централна тема беше претстојниот процес на формирање влада, при што беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоија најголем број гласови од граѓаните и императив е да се почитува волјата на мнозинството кое гласаше за програмата „Реално“ и за проектите предвидени во...

Заев – Алтхаузер: Реформи во судскиот систем и СЈО целосно да си ја заврши работата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер. Тие разговарале за потребата од продолжување на демократските процеси во Македонија и за формирање нова и силна Влада, посветена на реформските приоритети. На средбата, како клучни биле посочени препораките во извештаите на Европската комисија и на Рајнхард Прибе. Заев и Алтхаузер разговарале и за потребата од реформа на...

СДСМ: Во новата влада не смеат да учествуваат лица обвинети за тешки кривични дела

Македонија мора да добие влада на граѓаните на Република Македонија која ќе почне со решавање на нивните реални проблеми, смета извршниот одбор на СДСМ, кој на вечерашниот состанок оцени дека е постигнат огромен успех на парламентарните избори на 11 декември. „Граѓаните сакаат квалитетен живот, во едно општество на еднакви граѓани, правда и независно судство, државни институции што работат во служба...

ЕУ очекува „брзо формирање на широка владина коалиција“ и поддршка за СЈО

Брисел очекува брзо формирање на нова широка владина коалиција и целосно овозможување на сите услови за работа на СЈО, вели за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека нема да се согласи на продолжување на мандатот на СЈО. - Европската Унија се надева на брзо формирање на нова широка владина коалиција...

Иванов му го даде мандатот на Груевски, тече рокот од 20 дена за формирање влада

Од денеска почнува да тече рокот од 20 дена во кој мандатарот за составување на новата влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, треба да поднесе програма и предлог-состав на Владата до Собранието. Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, како што беше најавено, попладнево, дваесетина минути по 13 часот, на кратка свеченост во вилата на Водно му го врачи мандатот на лидерот...

Иванов ќе му го врачи мандатот за составување влада на Груевски

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска во 13 часот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе му го врачи мандатот за составување на новата влада на Република Македонија, соопштија од кабинетот на Иванов. Врачувањето на мандатот ќе се одржи во претседателската вила на Водно. Инаку, денеска е последниот ден од десетте дена, по конституирањето на новиот собраниски состав (30 декември 2016 година),...

Aлбанската политичка платформа е уцена и ја негира унитарноста на Македонија, смета ТМРО

Заедничката платформа на ДУИ, Беса и на Алијанса за Албанците претставува уцена, оцени денеска ТМРО и ги повика сите политички партии на Македонците да ја отфрлат платформата на албанските партии. „Таканаречената aлбанска политичка платформа за учество во сегашна или идна македонска влада, за ТМРО е уцена до македонскиот народ и до македонската држава со јасна провокативна божиќна порака - или двојазична...

Беса: Албанците се подготвени да поддржат една заедничка кауза

Централното претседателство на Движењето Беса усвои декларацијата на албанските партии во Македонија за да покаже дека Албанците се подготвени да поддржат една заедничка кауза, соопштија денеска од Беса. „Оваа декларација, која е составена од страна на албанскиот фактор и е поддржана од страна на албанските партии во Македонија, а за која ниту една посебна албанска партија нема посебна заслуга туку сите се подеднакво...

Граѓаните да останат дома за време на студениот бран, препорачуваат надлежните

Граѓаните да не патуваат и доколку немаат поголема потреба да не излегуваат од дома за време на најавениот студен бран, да носат топла облека, да пијат топли напитоци, а доколку треба да работат на отворено, тоа да го прават со паузи. Ова се дел од препораките на надлежните институции до граѓаните што денеска ги соопштија портпаролот на Владата, Александар...

Уште само три работни дена за договор за нова влада и премиер

На претседателот на државата, Ѓорге Иванов, му преостануваат шест дена да го додели мандатот на „кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието“ за формирање на нова владина коалиција по предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември. Од овие шест дена за преговори, три дена се работни, а три дена се неработни, меѓу кои се и два празници за православните граѓани....

Формирањето на владата во Исланд во знак на идејата за референдум за влез во ЕУ

Преговорите за формирање нова влада во Исланд поминуваат во знак на идејата за распишување референдум за можен влез на земјата во Европска Унија. Два месеци по парламентарните избори одржани на 29 октомври, во преговорите за формирање на новата влада учествуваат конзервативната и европскептична Партија на независноста, десничарската Реформи и поевропската партија Сјајна иднина. Локалните медиуми пренесуваат дека трите партии во своите програми...

Претседателот Иванов ги посети припадниците на АРМ во Еребино

Традиционално, на првиот ден од Новата година, претседателот Ѓорге Иванов ги посети припадниците на АРМ. Денеска беше во армискиот објект во Еребино во Тетовско, каде што на војниците им ја честита Новата година. На новинарско прашање во врска со составот на новата влада, рече дека очекува сите институции и политичките партии да го почитуваат рокот за формирање на новата владина...

Димитриев: Новата влада треба да се грижи за интересот на народот и за нивните проблеми

На државен план, годината што изминува ќе остане запаметена по неколку работи од кои треба да извлечеме поуки, истакна во своето новогодишно обраќање техничкиот премиер, Емил Димитриев. Тој во честитката упатена до граѓаните потсети и на предвремените парламентарни избори. - Владата за спроведување на изборите која ја предводев, иако функционираше во специфични и невообичаени околности и се соочуваше со многу проблеми...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...