fbpx

ВМРО-ДПМНЕ следната недела ќе почне преговори со ДУИ за формирање влада

-

ВМРО-ДПМНЕ очекува во текот на следната недела официјално да ги почне преговорите со ДУИ за состав на нова влада, а дали ќе успеат, ќе се знае на истекот од законскиот рок, односно 29 јануари, вели Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во интервју за телевизија „Канал 5“.

– Не планираме да формираме влада по секоја цена, особено не по цена на менување на Уставот за воведување двојазичност на територијата на државата, немаме мандат од нашите граѓани за тоа. СЈО во изминатиот период видовме колку е политизирано. Мандатот и надлежноста на СЈО ќе ги испочитуваме, но нема да влегуваме во политички инженеринг. Очекувавме дека спротивставените позиции по овие прашања со ДУИ може да претставуваат отежнувачки фактор во текот на разговорите за формирање влада – вели Милошоски.

Милошоски изрази зачудување што во изминатите две недели СДСМ немале став за платформата на албанските партии. Според Милошоски, тоа значи дека за нив сè е прифатливо само да дојдат на власт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...