fbpx

Хојт Ји: Брзо формирање влада, партиите да ги почитуваат Уставот и СЈО

-

Сега е важно политичките партии да преговараат, да најдат начин да формираат коалициона влада. Мошне е битно политичките лидери да работат што е можно побрзо и поефикасно и да постигнат договор, за ова да не биде предолг процес, вели заменикот помошник државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Брајан Хојт Ји, во изјава за „Гласот на Америка“.

– САД, секако, го почитуваат суверенитетот на Македонија и можноста партиите да ја донесат таа одлука без мешање однадвор. Нашата улога во моментов е да набљудуваме, да понудиме совет за одредени принципи, како, на пример, сметаме дека е важно новата влада да ги поддржува меѓународните определби, вклучувајќи ги и одредбите од Договорот од Пржино, партиите да стават јасно на знаење дека се определени да го почитуваат Уставот на државата, човековите права, да ги почитуваат институциите на државата, вклучувајќи ги и новите институции, како Специјалното јавно обвинителство, да го почитуваат владеењето на правото и целите на граѓаните за интеграција во остатокот од Европа, да се приклучат во НАТО – вели Хојт Ји.

Заменикот помошник државен секретар за Европа и за Евроазија истакна дека верува дека политичките партии ќе се фокусираат на целите на граѓаните, а не на тесноградите политички интереси и дека ќе бидат во можност да постигнат договор за коалициона влада.

Хојт Ји не сакаше да ја коментира платформата на албанските партии, но ги повика лидерите на партиите да имаат на ум дека граѓаните сметаат на нив и ги поттикна побргу да донесат одлука за влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...