недела, 15 март, 2026
Meta.mk

Ознака: визуелизација | 34 резултати

Во Црна Гора најголем инвеститор е НАТО, во Македонија – Бахамите (Инфографик)

5 септември 2018

Можат ли македонските граѓани да очекуваат зголемен обем странски инвестиции, а следствено на тоа и отварање нови работни места доколку успее референдумот за прифаќање на договорот со Грција, што би резултирало со забрзано зачленување на земјава во НАТО е прашање што заслужува внимание со оглед на тоа што се наближува 30 септември, ден на кој […]

Холандските туристи најбројни и со најмногу субвенции

9 јули 2018

Во последните 10 години односно од 2008 до 2017 година над 200.000 туристи од Холандија оствариле речиси еден милион ноќевања во Македонија, покажува најновата анализа на „ДАТА“. По нив, најмногу ноќевања имало од туристите од Турција односно 922.046 ноќевања од 600.221 Турци, а 417.959 Срби ноќевале 837.802 пати. Туристичкиот пик Македонија го доживеала во 1987 […]

Владата на Груевски потрошила најмалку 19 милиони евра за книги што не се користат и скапуваат во магацини (I дел)

8 јули 2018

Илјадници лошо преведени книги од помпезно насловениот проект на владата на Груевски „1.050 книги“ скапуваат по влажни магацини. Деветнаесет милиони евра завршија во темните депоа во Скопје и Гостивар. „Порталб.мк“ влезе во мемливите депоа полни со лошо преведени и преплатени книги за кој никој сега не презема одговорност и нема идеја што да прави. Автор: […]

Цената на литар дизел пораснала за 15,5 денари во споредба со лани

11 јуни 2018

Цената на барел нафта од 2011 година до сега бележи опаѓање, но цената на литар дизел во Македонија во последните седум години не е значително намалена, покажува најновата анализа и визуелизација на „Дата“. Во 2011 година барел нафта чинел 117,74 долари, а литар дизел 66,5 денари. Во 2018 година, цената на барел нафта се намалила […]

Македонија се оддалечува од просекот на ЕУ по бројот на загинати во сообраќајки

31 мај 2018

Наместо да се приближиме до просекот на Европската Унија по бројот на загинати во сообраќајни несреќи, како што е предвидено со Националната стратегија, ние се оддалечуваме, покажува најновата анализа на „ДАТА“. Според анализата, во 2005 година, како што се гледа од визуелизацијата подолу, Македонија била далеку подобра од просекот во ЕУ. Тогаш бројот на загинати […]

Квиз: Проверете ги вашите знаења за половата застапеност на пазарот на труд

25 април 2018

Анализата на податоците од Анкетата за работната сила на Државниот завод за статистика покажува дека во Македонија постои нерамномерна полова распределба на работните места и на платите. Проверете ги вашите знаења во однос на половата застапеност на пазарот на трудот во Македонија преку овој интерактивен квиз. Објавените визуелизации се дел од проектот D.A.T.A. – Data Analytics […]

Визуелизација: Што ако за приход над 1.000 евра се плаќа поголем персоналец

11 април 2018

Дали оние кои земаат поголема плата од 1.000 евра ќе треба да платат поголем персонален данок или не, е една од главните теми на дискусија во јавноста деновиве откако министерот за финансии Драган Тевдовски рече дека за него е прифатливо лицата кои заработуваат над 1.000 евра месечно да плаќаат повисок данок за секој денар што ќе […]

Во Македонија перцепцијата за корупција е висока, ама ретко се гони

30 март 2018

Граѓаните на Македонија сметаат дека живеат во една од најкорумпираните држави во Европа. И покрај тоа, податоците покажуваат дека кога станува збор за активна борба против ова општествено зло, напорите на органите на прогонот се незначителни. Споредено со трендовите во борбата со корупцијата во земјите од регионот, резултатите во Македонија се поразителни. Ако се споредат, […]

Законот е само алатка, а не е клуч за слободни и професионални медиуми

4 јануари 2018

Владата влезе во финален процес на менување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Главните забелешки од страна на здруженијата и медиумската фела се однесуваат на предлозите на Владата за МРТ, Агенцијата за медиуми, како и обврските кон приватните радиодифузери. Европскиот експерт Питер Ванхојте за ПИНА вели дека засега делува дека предлог законот ќе […]

МТВ дише на стари апарати, има слаб видеосигнал, а за второ аудио нема абер

30 ноември 2017

„Македонската радио–телевизија“ (МТВ) наместо да изгради мост на зближување, подигна јазични ѕидови помеѓу гледачите, кои засега се високи колку и самиот објект на телевизијата. Милена Атанасоска-Манасиева – ПИНА Програмите што на МТВ ги емитуваат албанската, турската, влашката и другите заедници во земјава, не стигаат до целата публика бидејќи и пет години по дигитализацијата, националниот сервис […]

МРТ тоне во долгови, ЕБУ воведува санкции и забрани

26 октомври 2017

„Македонската радио-телевизија“ веќе не може да ги користи услугите на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) поради неплатен долг. Ова значи дека во опасност е целата програмска шема на националниот сервис. Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, за ПИНА вели дека не ги знаат вкупните долгови на телевизијата, па затоа е потребно да се направи […]

Само половина кампања, а цела серија инциденти, крв, насилства…

3 октомври 2017

Предизборната кампања за локалните избори е веќе на половина, а е силно обележана со насилство, крв, солзи, палки, куршуми и со демолирање изборни штабови. Во најновиот случај, Елвис Бајрам, актуелниот градоначалник на општина Шуто Оризари, и Аднан Мемет, шеф на неговиот изборен штаб, вчера изеле ќотек во населбата Шуто Оризари. Според тоа што го кажаа, четири непознати […]

Хронологија: Како се смени власта во Македонија

1 јуни 2017

Трите години политичка криза за граѓаните на Македонија беа тешки, исцрпувачки и стресни. Кризата не беше само политичка, таа премина и во економска, социјална, морална и етичка. Имаше серија протести и контрапротести, судења и контрасудења, истраги и контраистраги. Потпишан беше Договорот од Пржино, па потоа и Пржино 2. Имаше избори, но и одложени избори, се […]

Богоевски: Со „Шарена револуција“ засекогаш ја променивме политичката сцена

12 април 2017

Пред една година, на 12 април, илјадници граѓани револтирани од одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да прогласи широка аболиција и да помилува 56 лица – политичари и нивни соработници, кои се споменуваат во прислушуваните разговори, излегоа на масовен протест пред народната канцеларија на Иванов во центарот на градот. Таа одлука, донесена пет дена […]

Рибарев: Интензивна, брза и успешна штипска и „штапска“ кариера

14 март 2017

Новиот в.д. претседател на Кривичниот суд, Стојанче Рибарев, по поминати одвај шест месеци како судија на Врховниот суд, се најде во жешкото претседателско столче на Кривичниот суд, односно во Основниот суд Скопје 1, каде се процесуираат предметите на Специјалното јавно обвинителство. Штипскиот судија, кој во улога на претседател ќе менаџира со најважните кривични предмети, во […]

Како ВМРО-ДПМНЕ ги менуваше термините за платформата

6 март 2017

Oд објавувањето на платформата на албанските партии на 7 јануари оваа година, ВМРО-ДПМНЕ неколкупати ја менуваше терминологијата, односно заборовите и изразите со кои во соопштенијата, изјавите и во интервјуа го нарекува овој „документ“. Терминологијата на ВМРО-ДПМНЕ се движи од само „платформа“, па преку „нова платформа“, „национална платформа“, „платформа на Албанците“, сè до последните „сеалбанска платформа“, „платформа од […]

Мандатари и број на пратеници во независна Македонија – историски и графички преглед

10 јануари 2017

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, го доби петтиот по ред мандат за составување влада со парламентарна бројност од 51 пратеник во законодавниот дом. Ова нема да е првпат мандатот за формирање влада да го добие кандидат на партија која на избори освоила најголем број пратенички места, а нема […]

Груевски во „мегаинтервјуто“ Сорос го спомнува 53 пати!

4 јануари 2017

Во првите два дела од интервјуто за електронското издание на неделникот „Република“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се пресметува со американскиот милијардер Џорџ Сорос и во разговорот неговото име го споменува дури 53 пати, што пластично изгледа вака: „Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, […]

ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА: ВМРО-ДПМНЕ освои 51, а СДСМ 49 пратенички мандати

12 декември 2016

ВМРО-ДПМНЕ има освоено два мандати повеќе од СДСМ, покажаа првичните резултати на Државната изборна комисија од вчера одржаните предвремени парламентарни избори. Како што истакна претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, според првичните, но не конечни резултати, ВМРО-ДПМНЕ освоила 51 пратеничко место, СДСМ 49 мандати, ДУИ 10, движењето Беса 5, Алијанса на Албанците 3 и ДПА 2 […]

Како дефокусираат и како ги „убиваат вестите“: Ти мене на прес, јас тебе во ударен термин

5 ноември 2016

Како што се приближува датумот на изборите, така се разгорува битката за медиумска присутност, а почна и крадењето термини и покривањето на прес-конференции со прес-конференции. Еве само три примери: 3 ноември 2016 г. Оливер Спасовски најавува прес-конференција за сообраќајката на Диме Спасов; Диме Спасов дава ТВ-интервју токму пред прес-конференцијата на Спасовски во „ниедно“ време, во 14 […]

Страна 1 од 2