fbpx
Таг: увид

таг: увид

Светиниколчанец загина во сообраќајна несреќа

Четириесет и двегодишен жител на Свети Николе го загуби животот во сообраќајна несреќа, која се случи синоќа по 20 часот кај Овче Поле. Горан С. загинал на самото место при судир на мопедот на кој се возел, а кој го управувал С.Ѓ.(38), со возило, марка „пежо“ управувано од С.С.(51) од Куманово. Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди,...

Прегазено тригодишно дете во селото Туралево

Тригодишно дете го загубило животот во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во кратовското село Туралево, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, околу 20.30 часот, автомобил, марка „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, што го управувал М.С.(45) од Крива Паланка, удрил во тригодишното дете, кое од сериозноста на повредите починало на самото место. Надлежните извршиле увид на местото и работат на утврдување...

Убиство во Тетово

Педесет и петгодишен жител на Тетово го убил својот две години помлад брат, така што го нападнал со нож и му нанел неколку смртоносни повреди. На физичкиот напад и на убиството им претходела вербална расправија меѓу браќата. Телото на 53-годишниот маж во Клиничката болница во Тетово било донесено околу 13 часот. Лекарите ја констатирале смртта со неколку убодни рани во градниот кош. Напаѓачот...

70-годишен пешак загина во сообраќајка во Кисела Вода

Седумдесетгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што утрово околу 7 часот се случила на булеварот Борис Трајковски, во населбата Кисела Вода. Според полициските информации, товарно возило, марка „фолксваген кеди“, со скопски регистрски таблички, удрил во Живојин К. кој се движел пеш. Тој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, каде по кратко време им подлегнал на повредите. Екипи на Секторот...

Две жртви во сообраќајни несреќи во Тетовско и во Радовишко

Дваесет и четиригодишен жител на Радовиш и 55-годишен скопјанец ги загубиле животите во две одделни сообраќајни несреќи, што вчера се случиле на регионалниот пат од правец на планината Плачковица, односно автопатот Тетово - Скопје, во близина на наплатната рампа Желино, соопшти полицијата. Несреќата во која животот го загубил радовишанецот Иван Ф. (24), се случила околу 4.40 часот, кога тој управувајќи...

Тројца српски државјани загинаа во сообраќајка кај Гевгелија

Тројца српски државјани ги загубиле животите во тешка сообраќајна несреќа што утринава околу 7 часот се случила кај Гевгелија, соопшти Јавното обвинителство. „Во тешката сообраќајна несреќа учествувале две возила, при што едно од возилата удрило во метален столб за вертикална сигнализација. При тоа од настанатите повреди починаа три лица“, стои во соопштението на Јавното обвинителство. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно...

Работник загинал од струен удар во кругот на Железара

Педесет и петгодишниот работник Симјан С. (55) вчера, околу 11.20 часот, загинал од струен удар, додека работел на трансформатор во кругот на скопска Железара, информира полицијата. Надлежните органи извршиле увид на местото на несреќата, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Обвинителството ги истражува убиството во Козле и смртта на детето во Гостивар

Мајката и синот, кои утрово беа пронајдени мртви во стан во скопската населба Козле, со прострелни рани во главите, биле жители на турскиот град Бурса и привремено престојувале во Скопје, соопшти Јавното обвинителство. „Надлежниот обвинител издаде наредби за подигнување траги од местото на настанот за потребни вештачења, како и за вршење обдукција на починатите. Обвинителството ќе продолжи со преземање на...

Почина 10-годишно дете, погодено од залутан куршум

Десетгодишно дете од Гостивар синоќа починало во Ургентниот центра во Скопје од повреди на главата, најверојатно предизвикани од залутан куршум. Според полициските иформации, вчера околу 15.30 часот, од Медицинскиот центар во Гостивар во локалната полициска станица било пријавено дека кај нив е донесено 10-годишно дете од населбата Фазанерија, „со повреди во пределот на главата, најверојатно од залутан проектил од огнено...

Кавадарчанец загинал по пад од трактор

Вчера попладнe, 75-годишниот кавадарчанец Констадин Б. го загубил животот во несреќа со трактор, што се случила во атарот на селото Раец. Како што информираат од полицијата, несреќата се случила околу 17.20 часот, кога кавадарчанецот изгубил контрола над тракторот што го управувал и се превртел. Од тешките повреди, Констадин Б. починал на самото место. Увид на местото извршил јавен обвинител и екипа...

Прегазен пешак на патот Кичево – Гостивар

Шеесетгодишен жител на кичевското село Трапчин Дол го загубил животот во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на магистралниот пат Кичево - Гостивар, во близина на селото, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, околу 1.15 часот по полноќ, автомобил, марка „опел астра“ со охридски регистарски таблички, што го управувал А.С. (64) од селото Букојчани, удрил во пешакот Шукри А. (60),...

Воз прегазил жена на железничката станица во Прилеп

Патнички воз, кој сообраќал на линијата Велес - Битола, синоќа, околу 23.10 часот, на железничката станица во Прилеп, прегазил жена, чиј идентитет засега е непознат, соопшти полицијата. Од тешките повреди, жената починала на самото место. Полициски екипи извршиле увид на местото и преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатата и на околностите за несреќата.

Мотоциклист загина на влезот во Прилеп

Триесет и тригодишен прилепчанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што утрово се случила на влезот во градот, кај бензинската на „Лукоил“. Како што соопштуваат од надлежното јавно обвинителство, станува збор за Влатко Т., кој во моментот на несреќата управувал мотоцикл. Според информациите, мотоциклистот, од засега непознати причини, удрил во пано на бензиската пумпа, излетал од моторот и починал на самото...

Две жртви во сообраќајни несреќи во Куманово и во Кавадаречко

Седумдесет и осумгодишна кумановка и 49-годишен жител на Кавадарци ги загубиле животите во две одвоени сообраќајани несреќи, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, вчераутро, околу 6.40 часот, на раскрсница во Куманово, автомобил марка „цитроен џампер“, што го управувал М.А. (35), удрил во Горица С. (78), која се движела пеш. Кумановката веднаш била пренесена во кумановската болница, но поради сериозноста на...

Четири лица, меѓу нив бебе и тригодишно дете, загинаа во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

Четири лица, од кои едно бебе и едно тригодишно дете, ги загубиле животите во сообраќајна несреќа што вчера вечерта, околу 18 часот, се случила на магистралниот пат Кичево - Охрид. Несреќата се случила во близина на селото Колари, а во неа учествувале автомобил, марка „волво“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Деар А. (28) од селото Зајас, и товарно возило...

Работник загинал по пад од скала

Педесет и седумгодишен прилепчанец вчера попладне го загубил животот по пад од скала, од висина од три метри, во кругот на фабриката за преработка на камен „Резба“, која се наоѓа на регионалниот пат Прилеп - Македонски Брод. Според полициските информации, несреќата се случила околу 14.40 часот, во хала на фабриката, кога Стојан К. (57), при изведување електрична инсталација, која била под...

Пронајден јагленосан женски леш во Градски парк во Скопје

Изгорено тело на девојка денеска попладне било пронајдено во Градски парк во Скопје, во близина на забавниот парк. Засега не е утврден индентиетот на девојката, за која првично се претпоставува дека е на возраст од 25 до 30 години. Телевизијата „Телма“, повикувајќи се на информациите од Итната помош, пренесува дека лекарите биле повикани од очевидец пред околу еден час. Според информациите, телото било...

Се преврте шлепер на патот Куманово-Скопје, едно лице повредено

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што утрово се случила во близина на Агино Село на автопатот Куманово-Скопје, кога шлепер со бугарски регистарски ознаки се превртел на коловозот, јавува „Телма“. Како што пренесува телевизијата, од кумановската болница информирале дека повредениот во несреќата бил странски државјанин, кај кого биле констатирани лесни телесни повреди. Засега нема детали за причините и за околностите...

Крвава тепачка пред угостителски објект во Тетово

Вчеравечер, околу 19 часот, пред угостителскиот објект „Биби“ во Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка, по која двајца од четворицата учесници со исеченици и со убодни рани од нож биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, тепачката, на која ѝ предходела вербална расправија, почнала кога Н.М., кој бил во локалот заедно со...

Жител на Враништа загинал во сообраќајна несреќа

Седумдесет и деветгодишниот Михаил С. од селото Враништа го загубил животот по сообраќајна несреќа што вчера се случила на регионалниот пат Струга - Дебар, соопшти полицијата. Несреќата се случила околу 11 часот во селото Враништа, кога во Михаил С., кој управувал велосипед, удрил автомобил, марка „фолксваген пасат“, со охридски регистарски ознаки. Од незгодата, Михаил С. добил тешки телесни повреди и бил...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...