Работник загинал по пад од скала

Педесет и седумгодишен прилепчанец вчера попладне го загубил животот по пад од скала, од висина од три метри, во кругот на фабриката за преработка на камен „Резба“, која се наоѓа на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод.

Според полициските информации, несреќата се случила околу 14.40 часот, во хала на фабриката, кога Стојан К. (57), при изведување електрична инсталација, која била под напон, паднал од скала во висина од 3,3 метри.

Од тешките повреди на главата, тој починал на самото место.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на полициската станица Прилеп.