Две жртви во сообраќајни несреќи во Куманово и во Кавадаречко

Седумдесет и осумгодишна кумановка и 49-годишен жител на Кавадарци ги загубиле животите во две одвоени сообраќајани несреќи, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, вчераутро, околу 6.40 часот, на раскрсница во Куманово, автомобил марка „цитроен џампер“, што го управувал М.А. (35), удрил во Горица С. (78), која се движела пеш. Кумановката веднаш била пренесена во кумановската болница, но поради сериозноста на повредите, била префрлена во Ургетниот центар во Скопје, каде околу 15.30 часот починала.

Втората сообраќајна несреќа се случила околу 14.30 часот, на локалниот пат од село Строгово кон регионалниот пат Кавадарци – Мушов Гроб, кога Зоранчо Л. (49), управувајќи трактор, излетал од коловозот и од повредите починал на самото место.

И во двата случаи јавни обивнители и полициски екипи извршиле увид на местото на несреќите.