понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: пешак | 31 резултати

Битолчанец заврши со тешки повреди откако возач со „поло“ удри во него

февруари 2, 2025

Осумдесет и девет годишниот А.Б. од Битола, завршил во Клиничката болница со тешки телесни повреди откако во него удрило возило марка „фолксваген поло“, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што е наведено во билтенот, несреќата се случила вчераутро. „Во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, патничко возило „фолксваген […]

Уапсена жената што удри пешак и побегна

февруари 1, 2025

Полицијата ја пронашла жената која со својот автомобил во петокот попладнето удрила пешак на раскрсница во центарот на Скопје и побегнала од местото на настанот. По наредба на јавен обвинител С.В.М.(42),  е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на […]

Еден загинат и еден тешко повреден пешак во сообраќајки вчеравечер

декември 10, 2023

Во две сообраќајни несреќи што се случиле вчеравечер, еден пешак го загубил животот, а жена задобила тешки телесни повреди, соопшти МВР. Сообраќајката со смртни последици се случила во Нов Дојран. Како што пренесува полицискиот билтен, на улицата „Маршал Тито“ патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) […]

ОЈО на увид по тешката сообраќајна несреќа на мостот „Гоце Делчев“ во која БМВ џип прегази пешак

јануари 26, 2022

Во центарот на Скопје денеска се случи уште една тешка сообраќајна несреќа. Нешто по 11 часот пешак почина на мостот „Гоце Делчев“ откако беше прегазен од БМВ џип. Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека јавен обвинител изврши увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа. „Првичните сознанија упатуваат дека до […]

Обвинителството ја истражува сообраќајката кај „Сити Мол“ во која загина 24 годишна девојка

јануари 21, 2022

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје (ОЈО Скопје) синоќа извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, во која животот го загуби 24-годишна девојка, а нејзиниот врсник што ја придружувал беше повреден, соопшти ОЈО Скопје. Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога автомобил „Цитроен […]

Возач удрил пешак и избегал со автомобилот

ноември 5, 2017

Засега непознат возач со автомобил вчера удрил во пешак во Струмичко и го усмртил, по што избегал, соопшти полицијата. Според билтенот, сообраќајката се случила вчера, околу 4.30 часот, на регионалниот пат Струмица – село Банско, на излезот од селото Куклиш. Возилото удрило во А.А. (72) од Куклиш, кој од добиените повреди починал. Увид извршила екипа […]

Автомобил усмрти пешак во Ѓорче Петров

август 21, 2016

А.М.(1990), управувајќи автомобил „цитроен Ц4“ со гостиварски регистарски ознаки удрил во пешакот В.Ч (1967) на улица Ѓорче Петров кај „Бау маркет“. По сообраќајната несреќа што се случила синоќа, пешакот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде што им подлегнал на повредите. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Прегазен пешак на регионалниот пат Јажинце – Тетово

декември 13, 2015

На регионалниот пат Јажинце – Тетово, управувајќи возило „ауди 80“ со тетовски регистарски ознаки, Љ.A. (54) удрил во пешакот Бранче Б.(52) од Тетово, кој починал на местото на настанот. Смрт е констатирана од лекар. По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Пешак загина на улица во Тетово

ноември 24, 2015

Пешак на возраст од 57 години претпладнево почина откако во него удри товарно возило, марка „мерцедес“, додека ја преминувал улицата Видое Смилевски – Бато во Тетово. Сообраќајката се случила надвор од обележан пешачки премин. Пешакот, кој од ударот имал тешки повреди по телото, од возачот на камионот, со друго возило, веднаш бил пренесен во тетовската […]

67-годишен пешак прегазен на улица во Чаир

ноември 12, 2015

Шеесет и седумгодишен жител на велешкото село Кочилари го загубил животот во сообраќајна несреќа, што вчера се случила на улицата Кемал Сејфула во скопската населба Чаир, сооошти денеска полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајната несреќа се случила околу 6.50 часот, кога автомобил, марка „опел астра“, што го управувал 34-годишниот Ќ.К., удрил во Иса К. (67), […]

Куќен притвор за возачот на камионот што го усмрти девојчето во Влае

октомври 25, 2015

„По добиената кривична пријава против возачот на камионот што вчера удри во 11-годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата, денеска надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе предлог за определување мерки за претпазливост, забрана за напуштање на живеалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице […]

76-годишен пешак загина на крстосница во Скопје

октомври 7, 2015

Седумдесет и шестгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна незгода што утрово, околу 6.20 часот, се случила на крстосницата на улиците Ѓорче Петров и Мајски манифест, соопшти полицијата. Како што информираат од полицијата, Благоја Н. (76), кој се движел пеш, настрадал откако во него удрило возило, марка „фиат дукато“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот […]

Автомобил прегазил пешак на патот Кичево-Македонски Брод

септември 16, 2015

Вчера, околу 11.20 часот, на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, се случила сообраќајна незгода помеѓу „цитроен берлинго“ со кичевски регистерски ознаки, управувано од И.Н.(44), и велосипед управуван од Насуф Н. (74) од Кичево. Во незгодата, тешки  телесни повреди добил велосипедистот, кој со возило на брза помош бил пренесен во болницата во Кичево, каде им подлегнал […]

Косовски државјанин загинал во сообраќајка во Чаир

август 17, 2015

Државјанин на Косово го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на улицата Лазо Трповски во скопската населба Чаир, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајката се случила околу 16.10 часот, кога автомобил, марка „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Ф.(55) удрил во косовскиот државјанин Ариан Р. кој се […]

Прегазен пешак во Стар Дојран

август 16, 2015

Во сообраќајна несреќа вчера во близина на населбата Карач во Стар Дојран загинал Ристо Б. (77) од Гевгелија. Во загинатиот пешак удрл Д.С (25) кој управувл со „Опел Корса“ со светиниколски регистарски ознаки. Повредениот бил пренесен во болница во Гевгелија, а потоа и во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје каде им подлегнал на […]

Удрениот пешак во Пинтија им подлегна на повредите

август 8, 2015

Вчера, во 6.20 часот, во населбата Пинтија во Скопје, на крстосницата од булеварот Борис Трајковски и улица која води кон фирмата „Мак тренд“, се случила сообраќајна незгода во која П.Ј. (1954) од Скопје, управувајќи возило „фолксваген кеди“ со скопски регистерски ознаки, удрил во пешакот Живојин К. (1945) од Скопје. По несреќата, со возило на Брза помош, пешакот е пренесен во […]

70-годишен пешак загина во сообраќајка во Кисела Вода

август 7, 2015

Седумдесетгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што утрово околу 7 часот се случила на булеварот Борис Трајковски, во населбата Кисела Вода. Според полициските информации, товарно возило, марка „фолксваген кеди“, со скопски регистрски таблички, удрил во Живојин К. кој се движел пеш. Тој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, каде по кратко време им […]

Прегазен пешак на патот Кичево – Гостивар

јули 21, 2015

Шеесетгодишен жител на кичевското село Трапчин Дол го загубил животот во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на селото, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, околу 1.15 часот по полноќ, автомобил, марка „опел астра“ со охридски регистарски таблички, што го управувал А.С. (64) од селото Букојчани, удрил […]

Судењето за сообраќајката кај Католичка црква закажано за 30 септември

јули 20, 2015

За 30 септевмри годинава е закажано судското рочиште за сообраќајната несреќа кај Католичка црква, која се случи на 15 ноември минатата година и во која животот го загуби малолетно момче, соопшти Основниот суд Скопје 1. „На обвинетиот Џ.М. му се става на товар кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, […]

Две жртви во сообраќајни несреќи во Куманово и во Кавадаречко

јули 14, 2015

Седумдесет и осумгодишна кумановка и 49-годишен жител на Кавадарци ги загубиле животите во две одвоени сообраќајани несреќи, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, вчераутро, околу 6.40 часот, на раскрсница во Куманово, автомобил марка „цитроен џампер“, што го управувал М.А. (35), удрил во Горица С. (78), која се движела пеш. Кумановката веднаш била пренесена во кумановската […]

Страна 1 од 2