fbpx
Таг: Унгарија

таг: Унгарија

Како парите од Орбановите пријатели преку Словенија влегоа во македонски проопозициски медиуми

Најмалку четири милиони евра што Унгарците ги платиле од август 2018 година за финансирање медиуми од „кругот на партијата СДС“ во Словенија и политичко-разузнавачките операции за поткопување на зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, во Словенија влегле преку сметки и компании што луѓе од најтесниот круг околу унгарскиот премиер Виктор Орбан ги отвориле во Лондон, пишува словенечкиот центар за...

Сијарто: Не е битно дали Груевски границата ја минал пеш, на трцикл, со коњска кола или на трактор

Шефот на унгарската дипломарија Петер Сијарто изјави дека е лага дека унгарските дипломати биле инволвирани во бегството или во егзилот на Никиола Груевски во Унгарија. Тој не одговара директно дали дипломати го придружувале Груевски и дали тој границата ја минал со автомобил, пишува унгарскиот портал „444.hu“. - Ниеден унгарски дипломат не беше инволвиран на било кој начин во ничие бегство....

Орбан ја загуби Будимпешта на локалните избори во Унгарија

За прв пат по доаѓањето на власт во 2010 година, Виктор Орбан претрпе значаен пораз од унгарските опозиционери. Либералот Гергели Карашони е нов градоначалник на Будимпешта, кој на вчерашните локални избори освои над 50 отсто од гласовите и се најде пред кандидатот на владејачката партија Фидес, Иштван Тарлос. Според првичните резултати на изборната комисија, опозицијата освои и 17 делегати во...

Ќе се бара друга замена за еврокомесарот Хан, Унгарецот Трочани отпадна од игра

Комитетот за правни прашања на Европскиот парламент го отфрли предлогот на Унгарија за Ласло Трочани да биде нов комесар за проширување и соседска политика, пренесува „ЕУобсервер“. „Политико“ јавува дека отфрлањето на предлогот за именување на новиот еврокомесар е поради можноста за постоење на конфликт на интереси. Покрај Трочани, со идентично објаснување е отфрлен и предлогот на Романија за назначување...

Со написи стари една година се помага ширењето дезинформации во Грција, Словенија и Македонија

Минатиот месец се појави нов тренд на ширење дезинформации на интернет сферата во Македонија: социјалните медиуми беа преплавени со линкови до написи стари една година промовирани преку реклами на Фејсбук и десничарски Фејсбук групи. Дел од овие написи првично биле објавени истиот месец, но пред една година. Ова може да упатува на обид да се доведат во заблуда читателите, кои...

Судот во Будимпешта го отфрли барањето за екстрадиција на Груевски

Судот во Будимпешта на денешното рочиште реши да да го отфрли барањето за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, јави „Индекс. ху“. Судијката во одлуката соопшти дека за екстрадицијата на бегалецот Груевски, кој во земјава треба да одлежува казна од две години за набавката на блиндираниот мерцедес вреден речиси 600.000 евра, се решавало врз основа на барањето упатено од...

Осум лица загинаа, 21 исчезнати во судир на два брода во Будимпешта

Официјално, засега осум лица загинале, а 21 се водат како исчезнати по судир на два брода вчеравечер во Будимпешта, кои пловеле по Дунав близу парламентот на Унгарија. Малиот туристички брод луксузен брод бил удрен од многу поголем, при што се превртел и потонал. На бродот имало туристи од Јужна Кореја, а меѓу исчезнатите е и петчлено семејство. Денеска по исчезнатите...

Унгарија го поздрави потпишувањето на Протоколот за прием на Македонија во НАТО

Унгарската Влада го поздравува потпишувањето на протоколот за прием на Република Северна Македонија во НАТО, соопшти денеска унгарската амбасада во Скопје. „Ова претставува уште едeн значаен чекор во процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата и придонесува за зајакнување на стабилноста и безбедноста не само на земјата, туку и на регионот на Западен Балкан, како и на евроатлантската...

Интервју со бегалец од законот: Има ли правила?

Разговорот кој го водеше новинарката на ТВ „Сител“ со експремиерот Груевски, кој е правосилно осуден по еден судски предмет, а по уште неколку се води како обвинет и судењата се во тек, подигна доста прав. Една од причините за тој интерес е и дилемата – дали треба да се разговара со бегалец од законот? Постојат ли услови до кои...

Снимките од Груевски избришани, а албански сајт ги „испрати“ во нашето обвинителство

Известувајќи за барањето на македонското обвинителство за снимките од безбедносните камери за бегството на екс премиерот Груевски, албанскиот новински сајт „Балканвеб“ во текст со наслов „Албанија ги праќа во Македонија снимките од бегството на Груевски“,  вели дека снимките од бегството на Груевски веќе се симнати од системот и според барањето од македонските власти, ќе се пратат во Скопје. Во продолжение...

Сијарто: Унгарската влада не може да влијае на Службата за имиграција што му дала азил на Груевски

(Фото: bbj.hu)
Службата за имиграција и државјанство е независен орган и Владата на Унгарија не може да влијае на нејзините решенија. Поранешниот македонски премиер Никола Груевски ја помина процедурата за азил и имиграционата служба реши да издаде позитивно решение, рече Петер Сијарто, министерот за надворешни работи во интервјуто за бугарската национална телевизија БНТ. - Службата е независен орган и унгарската влада нема...

„ХирКлик“: Груевски го нема подолго време, може веќе не е во Унгарија

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски влегол во Унгарија потполно независно од постапката за азил, пишува унгарскиот новински сајт „ХирКлик“, кој шпекулира со тоа каде е Груевски во моментов. Како што пишува сајтот, Груевски не е забележан подолго време и можно е повеќе да не е на унгарска територија, велејќи дека последните фотографии и видеоснимки од него во Будимпешта се направени...

Топ-5 дезинформации за бегството на Груевски

Бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, кој една деценија владееше во Македонија, ја тестираше медиумската професионалност не само во Македонија, туку и во земјата каде што побегна – Унгарија, но и во земјите кои му беа попатни станици до добивањето унгарски азил. Голем број медиуми поради недостиг од официјални информации од институциите ѝ сервираа на јавноста написи, прилози, извештаи...

Повторно протести синоќа пред унгарската државна телевизија

Протестите против режимот на Виктор Орбан продолжија и вчера во Будимпешта, со околу 2.000 демонстранти што протестираа пред објектот на унгарската државна телевизија. Исто како и претходната ноќ, се бараше независност на јавниот телевизиски сервис и судството. Дел од демонстрантите, следени од бројни полициски сили кои кои се соочија со силно полициско обезбедување, носеа транспаренти со пораки дека јавната телевизија...

Полицијата со солзавец против демонтрантите, а пратеници избркани од унгарската телевизија

Двајцата независни пратеници во унгарскиот парламент, претпладнево од страна на обезбедувањето беа избркани од објектот на унгарската државна телевизија, каде сакаа да прочитаат петиција. Инцидентот се случи неколку часа по синоќешните големи протести против режимот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, на кои во Будимпешта полицијата фрлаше солзавец. Двајцата пратеници со опозициска ориентација беа дел од групата од десет пратеници кои ноќта...

Британски новинар го фотографираше Груевски на прошетка во Будимпешта

Даниел Нолан, дописник на британски „Гардијан“ од Будимпешта вчера на својот Твитер-профил објави фотографија од избеганиот поранешен македонски премиер Никола Груевски во Будимпешта. Груевски бил фотографиран од Нолан во центарот на Будимпешта, како чекори кон штанд за автобуски туристички тури „Хоп Он - Хоп Оф“. Фотографијата е направена пред бутикот „Ретрок“ близу метро станицата „Деак Ференц“ и паркот „Ержебет“ во...

Хан: Малку е веројатно дека Груевски ќе биде екстрадиран

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, утрово пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ рече дека не верува дека Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија. Запрашан дали ги поддржува амандманите на Европскиот Парламент во извештајот за Македонија во кои се бара Унгарија да го врати Груевски во Македонија, Хан одговори „се надевам дека тоа...

Граѓанските организации поставија рок од 10 дена за одговорност за бегството на Груевски

Вкупно 14 граѓански организации, меѓу кои и Фондација Отворено општество - Македонија, Фондацијата „Метаморфозис“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, денеска упатија втора реакција до власта, поставувајќи рок од 10 дена да се лоцира одговорноста за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Во спротивно, порача граѓанскиот сектор, ќе се бара политичка одговорност од највисоките функционери. „Најостро ја...

Пратеник на српската СНС: Бегството на Груевски е најдоброто решение

Бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од земјата е најдоброто решение, оти со тоа „американскиот пион Зоран Заев на подолго време загуби адекватен противник на политичката сцена, а Груевски не лежи робија за глупост, порачува во колумна објавена во вчерашниот број на српскиот весник „Блиц“ парламентарецот и функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС), Владимир Ѓукановиќ. Во колумната во...

Унгарија: EП го пика носот каде што не му е место, Груевски ја бранеше Европа

Откако Европскиот Парламент (ЕП) вчера при гласањето за резолуцијата за Македонија усвои и два амандмани за азилот на Никола Груевски во Унгарија, со кои се бара негова екстрадиција во Македонија, од Унгарија стаса остар одговор. Владиниот портпарол, односно Државниот секретар за меѓународна комуникација на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Золтан Ковач, во интервју за телевизијата „Ехо“ порача дека резолуцијата,...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...