Официјално, засега осум лица загинале, а 21 се водат како исчезнати по судир на два брода вчеравечер во Будимпешта, кои пловеле по Дунав близу парламентот на Унгарија. Малиот туристички брод луксузен брод бил удрен од многу поголем, при што се превртел и потонал. На бродот имало туристи од Јужна Кореја, а меѓу исчезнатите е и петчлено семејство.
Денеска по исчезнатите трагаа вкупно 700 лица, со 15 бродови. Операцијата е отежната поради надојдената река и силниот дожд.
Според досегашните сознанија, на бродот имало 35 лица, од кои капетанот и помошникот биле Унгарци.
Бродот во еден момент од непознати причини се свртел вчера во 21.05 часот, а потоа во него удрил значително поголемиот товарен брод „Викинг“, кој пловел под швајцарско знаме. Потоа туристичкиот брод се навалил и потонал за само седум секунди. Бродот се наоѓа на четири метри длабочина, близу островот Маргит.