среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: цариници | 13 резултати

Од утринава повторно отворен граничниот премин Евзони

февруари 18, 2021

Министерството за внатрешни работи информира дека според информациите добиени од Република Грција од 05:30 часот утринава (18 февруари), граничниот премин Евзони е отворен за секаков вид сообраќај (влез и излез). Граничниот премин Евзони беше затворен од 05 часот на 17 февруари, поради штрајк на грчките цариници.

Граничниот премин Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај поради штрајк на грчките цариници

февруари 15, 2021

Министерството за внатрешни работи информира дека поради штрајк на грчките цариници граничниот премин Евзони од 05 часот на 17 февруари до 08 часот на 18 февруари ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај. „Исто така, ве известуваме дека товарниот сообраќај на Граничните премини Деве Баир и Ќафасан, кој беше во прекин, е нормализиран од […]

Обид за шверц на два килограми кокаин на скопскиот аеродром

декември 7, 2018

Два килограми кокаин, кои биле скриени во багажот на Венецуелец, се откриени на Меѓународниот аеродром „Скопје“, соопшти Царинската управа на Република Македонија. Дрогата при продавање во количества „на мало“ би достигнала цена од околу 570.000 евра, се објаснува во соопштението. Шверцерот слетал на скопскиот аеродром завчера во 20.30 часот со лет од Цирих и бил […]

На „Богородица“ фатени 130 килограми марихуана скриени во шупливи штици

мај 3, 2018

Царинската управа соопшти дека на граничниот премин „Богородица“ вчера бил спречен шверц на вкупно 130 килограми марихуана, кои биле скриени во шупливи штици во полуприколка влечена од шлепер. Како што објаснија, околу 3 часот вчера на граничниот премин за излез од Македонија се пријавил С.Р. (37) од Албанија, кој управувал со шлеперот со албански таблички. […]

Сообраќајот кон Грција денеска во прекин поради штрајк на грчките цариници

октомври 19, 2017

Денеска ќе биде во прекин сообраќајот за сите видови возила на границата помеѓу Македонија и Грција, освен за пешаци, поради штрајк на грчките царински служби, информираат од Министерство за внатрешни работи. „Прекинот на сообраќајот на граничниот премин Богородица ќе биде од 6 часот утре до 6 часот, на Меџитлија од 6.30 часот до истиот термин […]

Компаниите бараат етички кодекс за работа на цариниците

октомври 2, 2017

Стопанските комори во соработка со УСАИД спроведуваат проект „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“, со кој на компаниите им се помага полесно да ги имплементираат законите што се однесуваат на нивното работење. Честите законски измени изминатите години им создваа проблеми при работењето, а покрај тоа компаниите детектирале 60 проблеми при примената на одредени закони, изјави денеска Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанска комора […]

Заврши штрајкот на грчките цариници – сообраќајот на граничните премини се нормализира

јуни 2, 2017

Сообраќајот на граничните премини со Грција се одвива нормално, без поголеми задржувања, соопшти денеска Автомото-сојузот на Македонија, наведувајќи дека просечното чекање на македонската граница изнесува околу 15 минути. Во еден часот изутринава, заврши 24-часовниот штрајк на грчките цариници поради новите мерки на штедење на грчката влада. За време на штрајкот, целосно затворени за сообраќај беа […]

Долги колони на грчките гранични премини поради штрајкот на цариниците

јуни 1, 2017

Долги колони автомобили и автобуси има на граничниот премин Евзони поради штрајкот на грчките цариници, кој почна на полноќ, потврдија за „Мета“ од грчкиот граничен премин. Како што соопштија, на преминот Евзони, на секои 60 минути границата се отвора за минување на возила во траење од 15 минути. Сообраќајот на граничниот премин е целосно затворен […]

Затворен бугарскиот граничен премин Лесово кон Турција, 30 цариници приведени

ноември 2, 2016

Бугарската полиција спроведе акција на граничниот премин со Турција, Лесово, при што се приведени повеќе од 30 царински службеници, јави дописничката на „Мета“ од Софија. Првиот човек на специјализираното јавно обвинителство Иван Гешев истакнал дека на граничниот премин била спроведена истрага поради основано сомневање за постоење на организирана криминална група која ја сочинувале царински инспектори. […]

Страна 1 од 1