Спречен обид за прошверцување во земјава на вкупно 1.000 парчиња антигенски тестови за ковид-19. Фото: Царинска управа на РСМ

При контрола на автобус пријавен за влез на Граничниот премин „Табановце“, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 1.000 парчиња антиген тестови за ковид-19, соопшти Царинска управа.

Вчера во 13 часот на ГП „Табановце“ за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар, управувано од лицето С.М од Гостивар, кој сообраќа на редовна линија Германија- Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени три пакети од патникот Б.С од Гостивар, во кои се наоѓале 1.000 парчиња антиген тестови за Ковид 19 Hotgen, со вкупна вредност од околу 50.000 денари.

Стокaта е привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Одделението за прекршочна постапка при Царинска управа на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.