Извор на фотографија: Влада на РСМ

Министерството за внатрешни работи информира дека поради штрајк на грчките цариници граничниот премин Евзони од 05 часот на 17 февруари до 08 часот на 18 февруари ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај.

„Исто така, ве известуваме дека товарниот сообраќај на Граничните премини Деве Баир и Ќафасан, кој беше во прекин, е нормализиран од денеска,“ информираат од МВР.