fbpx
Таг: Талат Џафери

таг: Талат Џафери

Собранието заседаваше до 3.30 часот, продолжува денеска

Маратонската осма седница на Собранието на Република Македонија која траеше до 3.30 часот утрово, ќе продолжи денеска во 13 часот, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, синоќа прогласи постојано заседание на парламентот. Попладнето и вечерта минаа без пратениците од владејачкото мнозинство, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата си реплицираа едни на други, што, според Џафери е „некоректно и ја забавува...

Завршната сметка на буџетот во сенката на дуелот Џафери – Тевдовски

Откако во попладневното продолжение по паузата Собранието ја забрза работата експресно изгласувајќи ги, без гласови против, претседателите и членовите, како и нивните заменици, на комисиите на Собранието и составот на делегациите на Собранието, почна расправата за завршната предлог-сметка на буџетот на Република Македонија за 2016 година. Неа ја образложи министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој го надмина времето од 15...

Едногласно усвоена предлог-декларацијата за забрзување на процесот за зачленување на Македонија во ЕУ и во НАТО

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја усвои предлог-декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси за зачленување на Република Македонија во ЕУ и во НАТО. Комисијата бара предлог-декларацијата да биде ставена на дневен ред на посебна наредна седница. Во документот се наведува дека се потврдува натпартиската сплотеност околу заедничките напори за обезбедување позитивна клима за реализирање на стратешката определба за...

Заев ќе им го даде на пратениците договорот со Бугарија да го разгледаат на затворена седница

Премиерот Зоран Заев, кој денеска во Собранието го презентираше реформскиот план „3-6-9“ пред Комисијата за европски прашања, вети дека договорот со Бугарија, сепак, ќе им го достави на увид на пратениците. Тој рече дека пратениците ќе имаат можност да го разгледаат договорот на седница затворена за јавноста, бидејќи станува збор за документ кој сè уште не е финализиран, односно потпишан. Реакцијата на...

Џафери го искара Тевдовски за доцнењето и залепи знак за „тишина“ за пратениците

Жестока расправа во Собранието предизвика доцнењето на министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој требаше да ја образложи завршната сметка за буџетот за 2016 година. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја тргна точката од дневен ред и на парламентарното мнозинство му порача дека ако сака да ја врати таа точка, да свика итна седница со 20 пратеници. Тој на мониторот пред...

Собраниската комисија за европски прашања ќе расправа за планот „3-6-9“ на Владата

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе го претстават планот „3-6-9“ пред Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија. Седницата на Комисијата е закажана за 12.30 часот и на неа со свои ставови околу владиниот план за реформите неопходни за напредок на земјата кон евроатлантските интеграции, ќе се произнесат и политичките партии во...

Седницата за Зврлевски повторно прекината поради слави и имендени на пратениците

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го прекина денешното продолжение на собраниската седница, на која на дневен ред е разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, откако и денеска координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара пратениците да прекинат со работа во 18 часот бидејќи голем дел од нив сакаат да го одбележат верскиот празник Павловден...

Џафери ја прекина седницата оти пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе одат на слави и на имендени

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прекина собраниската седница на која како точка на дневен ред е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, откако координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, рече дека поради верскиот празник Петар и Павле голем дел од неговите колеги пратеници „треба да одат на слави, имендени и на прослави“ и...

Собрание: Пауза, расправија Џафери – Димовски, пауза…

По паузата од повеќе од еден час, шестата собраниска седница на која моментално во процедура е разрешувањето на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, продолжи за кратко и потоа пак беше дадена нова пауза од 10 минути. На ваквиот потег на претседателот на Собранието Талат Џафери, претходеше препирка меѓу него и Илија Димовски, координаторот на една од пратеничките групи на...

Разрешувањето на Зврлевски стигна на дневен ред – утре ќе почне расправата

Точката за разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски дојде на дневен ред пред пратениците, но претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прекина седницата и продолжението го закажа за утре во 11 часот. Откако со 91 гласа „за“, и без ниту еден против и воздржан беше усвоена одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, Џафери ја отвори...

Џафери: 10-те пратенички групи прават дилема дали ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија

Формално, деловникот дозволува да се формираат повеќе пратенички група од пет пратеници, но од правен аспект тоа е дискутабилно и поради тоа се создава дилема кај нивниот електорат дали тоа е единствена политичка партија или имаат внатрешни проблеми, па затоа не сакам да им го коментирам овој потег, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, во врска со формирањето 10...

Сите наши деловнички блокади: Четирите екстремни случаи на македонски филибастер

Пратениците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вчера формираа 10 пратенички групи, потег кој се толкува како подготовка и најава на опозицијата за блокирање на реформските закони преку т.н. тактика филибастеринг, која не е непознаница за македонската парламентарна демократија. Филибастерингот (терминот доаѓа од холандскиот збор за пират) досега повеќепати бил применуван во македонскиот законодавен дом, претежно од пратениците на опозицијата, за...

Продолжи блокадата во Собранието со серија прекини, барања за паузи и за извинувања

Шестата собраниска седница, на која како петта точка на дневниот ред треба да се расправа за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина во 16.20 часот, откако пратеникот Димитар Стевананџија, претставувајќи се како координатор на една од десетте пратенички групи, побара пауза од 60 минути, а за тоа време...

Координаторите на ВМРО-ДПМНЕ ја почнаа блокадата на Собранието

Попладневната сесија на шестата седница на Собранието на Република беше прекината по само две минути од почетокот. Зоран Илиоски, како „координатор на третата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ“, побара половина час пауза и стенограми од претходната дискусија и видеозапис. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, му укажа дека не се меша во правото на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да формираат пратенички групи, но дека...

Аирлија за десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, рече Џафери

Откако информираше дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го известиле дека формираат 10 пратенички групи, претседателот на Собранието, Талат Џафери, се заблагодари што конечно пратениците му ја признале функцијата. Потоа ги прочита координаторите и заменик-координаторите и рече „Аирлија“. Откако во претпладневната сесија на првото продолжение на 6. седница на Собранието пратениците го прифатија предлогот на Владата да се именува Спасе Глигоров за...

Џафери прогласи долга пауза по расправијата со Димовски

По повеќе реплицирања од Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието, Талат Џафери, во 13.30 часот ја прекина седницата. Џафери и Димовски се натегаа околу процедурите на законодавниот дом, додека на дневен ред беше третата точка, односно предлогот на Владата за именување директор на Агенцијата за администрација. По убедувања каква била досегашната практика, односно што предвидува деловникот на Собранието за претставник на...

Џафери ќе се залага за поинтензивна парламентарна соработка со Норвешка

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска на шефот на норвешката дипломатија, Борге Бренде, му заблагодарил за помошта и за поддршката што Норвешка ѝ ја дава на Македонија во процесот на евроатланската интеграција и истакнал дека ќе се залага за поинтензивна парламентарна соработка меѓу двете држави. Министерот, честитајќи му го изборот на функцијата на претседателот Џафери, ја нагласил подготвеноста за продолжување на...

Џафери: Македонија заедно со САД, ЕУ и со НАТО подготвува стратегија за кибер-одбрана

Македонија во соработка со САД, Европската Унија и со НАТО подготвува стратегија за кибер-одбрана, со која треба да се зајакнат капацитетите на државната безбедност. Ова го истакнал претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, на денешната средба со Роберт Питинџер, американски конгресмен и претседател на конгресната работна група за тероризам и за неконвенционално војување. Средбата меѓу Џафери и Питинџер...

Илиоски: Да се одржи итна собраниска седница за состојбата со депонијата во Струга

Бараме по итна постапка да се одржи седница на која ќе се разгледува алармантната состојба во Струга со загадувањето од депонијата што со денови ги труе стружани, вели Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ. - Загадувањето од депонијата во Струга е проблем со кој се соочени и Македонците, и Албанците, и Турците и Власите и сите други граѓани што живеат во овој...

Џафери побара обезбедувањето да го отстрани Ѓорчев од говорница

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, побара собраниското обезбедување да го отстрани пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, од собраниската говорница бидејќи Ѓорчев излезе на говорницата без да добие дозвола од собранискиот спикер. Откако неколкупати го предупреди, Џафери нареди да му се исклучи микрофонот на Ѓорчев, но тој и покрај исклучениот микрофон не се тргна од говорницата, па Џафери побара собраниското обезбедување да...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...