fbpx
Таг: судење

таг: судење

На поранешниот јужнокорејски претседател му се закануваат 20 години затвор

Обвинителството на Јужна Кореја побара затворска казна од 20 години за поранешниот претседател Ли Мјунг-бак, во рамките на неговото судење за корупција, јавија светските агенции. Ли, кој беше претседател на Јужна Кореја од 2008 до 2013 година, со тоа стана вториот поранешен претседател  на земјата што за неполн месец влезе во фокусот на светската јавност поради неговите проблеми со законот. Минатиот...

Кацарска останува да и суди на Јанкулоска, Џолев го одби барањето за нејзино изземање

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев го одби како неосновано барањето за изземање на судијката Добрила Кацарска, што на днешното рочиште за „Тенк“ го поднесоа адвокатите на обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. За денешното рочиште предвидено е да бидат сослушани шест сведоци предложени од обвинителството. Судијката Кацарска на почетокот на судењето за овој случај закажа 23 рочишта за...

Ристовска: Мијалков бил организатор на прислушувањето, имаме и докази и сведоци

Сашо Мијалков, тогашен директор на Управата за безбедност и разузнавање (УБК) во МВР, е креатор на идејата за масовно прислушување, воден од политички и бизнис интереси. СЈО за да ја докаже неговата вина, има обезбедено многу докази, но и сведоци, кои помогнаа во обелоденувањето на аферата и расветлувањето на мотивите, порача специјалната обвинителка Ленче Ристовска на денешното рочиште за...

Загрозениот сведок во „Монструм”: Слушнав истрели пред да ги видам телата

Пред да ги види телата на четирите убиени момчиња кај Смиљковското Езеро, загрозениот сведок Е1 слушнал и повеќе истрели, рече тој на денешното судско рочиште за случајот „Монструм”. Сепак сведокот потенцираше дека не видел кој пукал, а прашан зошто сега првпат кажува дека слушнал истрели, рече дека не бил прашан. Адвокатот Насер Рауфи реагираше дека сведокот досега сведочел осум пати,...

Апелација на роденденот на Груевски решава за пресудата за „Тенк“

Во Апелациски суд - Скопје за денеска е закажана јавна седница по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата од две години затвор во случајот „Тенк", за набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес". Инаку, на Груевски денеска му е роденден - полни 48 години. Јавна седница требаше да се одржува вчера, но Груевски и неговиот адвокати не дојдоа, бидејќи беа на...

Апелација одлучува за жалбата на Груевски за „Тенк“, Јанкулоска на суд за истиот случај

Апелациски суд - Скопје денеска ќе одлучува по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден безмалку 600.000 евра За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски, како поттикнувач на делото, е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, е осуден...

Судењето на Јанкулоска за блиндираниот мерцедес продолжува утре

Раздвоената судска постапка против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден околу 580.000 евра продолжува утре со сослушување на сведоци. Таа беше издвоена од почнатиот судски процес поради нејзината ризична бременост. Пролетва за набавката на блиндираниот автомобил поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски доби шест години...

Нинџа за свои сведоци ги предлага Груевски и бегалците Грујовски и Бошковски

Поранешниот премиер, Никола Груевски, двајцата бегалци и поранешни началници во петтата управа Горан Грујовски и Никола Бошковски, поранешниот директор во УБК Владимир Атанасовски екс началник во УБК Љубо Петович и Благоја Василевски – обезбедувањето на Груевски се најдоа на листата сведоци на Александар Василевски Нинџа, еден од обвинетите во крвавиот четврток. Според извори на телевизија „Телма“, со Грујовски и Бошковски...

Дума во „Титаник 2“: Ибраими ми рече „шефот ме бара“, потоа гласаше како членовите од ВМРО-ДПМНЕ

На судењето за предметот „Титаник 2″, прва сведочеше поранешната членка на Државната изборна комисија, Виолета Дума. Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи ја праша Дума дали се сеќава на седницата на ДИК, за приговорот за гласачкото место 1727 во општина Струмица, за локалните избори 2013 година. – Дали видовте дека некој за време на седницата да му се јави на Бедредин Ибраими...

Сите обвинети негираат вина за „крвавиот четврток“

Обвинетите за упадот во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, кои се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок, на денешното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но дека не се чувствуваат за виновни. Судскиот процес продолжува на 31 август со сослушување на сведоци предложени од обвинителството. Како сведоци повикани се Дамјан Манчевски, Фросина...

Нови рочишта за „Титаник 2″ и за упадот во Собранието на 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случајот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година и за упадот во Собранието од 27 април минатата година. На денешното рочиште за „Титаник 2“ треба да бидат сослушани сведоците Борис Кондарко, Виолета Дума, Субхи Јакупи и Васил...

Телохранителот на Груевски предложен за сведок за крвавиот четврток

Оливер Вуксановиќ, адвокатот на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, во воведниот говор за судењето рече дека одбраната ќе докаже оти некои од обвинетите воопшто не го познавале Нинџа, а не, пак, да му ги слушаат наредбите. -Немало акт на насилство, ниту некој се заканувал, ниту обвинетиот имал умисла и намера да го изврши кривичното дело - рече Вуксановиќ. Во воведниот говор адвокатот рече...

Загрозениот сведок во „Монструм“ лаже, тврдат адвокатите

Тензична ситуација на моменти се случуваше во судницата 1 во Основниот суд Скопје 1 на сослушувањето на загрозениот сведок во случајот „Монструм“ на СЈО, бидејќи тој за првпат кажа дека видел четири тела критичната вечер на 12 април 2012 на Смиљковско Езеро, известува „СДК“ - На 19.04. 2012 пред истражен судија сте рекле дека сте дознале за настанот утредента од...

Продолжува сведочењето на загрозениот сведок во „Монструм“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска со сведочење на загрозениот сведок продолжува судењето за предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година. Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, претходното рочиште го прекина поради замореност на загрозениот сведок, по неговото сослушување од страна на СЈО и еден од адвокатите од одбраната. Загрозениот...

Продолжува судењето за насилствата и упадот во Собранието на 27 април

Судењето на 33. обвинети за насилствата при упадот во Собранието на 27 април 2017 година денеска е во третото продолжение, а исто како и на вчерашното рочиште, во Основен суд Скопје 1, денеска ќе продолжи давањето воведни говори од адвокатите на обвинетите. Судскиот процес започна во средата кога воведен говор даде обвинителката Вилма Рускоска. Обвинителката Русковска во воведниот говор истакна дека...

Рускоска: Нарачателите за 27 април ќе бидат обвинети кога ќе има цврсти докази

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе продолжи судскиот процес за настаните во Собранието од 27 април минатата година. Вчера, на првото рочиште, воведни говори имаа обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на дел од обвинетите. Во случајот обвинети се триесет и три лица, од кои триесет и едно од обвинетите одговараат за „тероризам“, додека две за „помагање“. -Триесет и шест сведоци...

Заштитениот сведок препозна неколкумина од обвинетите во „Монструм“

Заштитениот сведок кој беше сослушан преку камера од друга просторија на денешното рочиште за случајот „Монструм“ на СЈО со модифициран глас кажа дека си останува на исказот даден на претходна постапка и препозна тројца од обвинетите. Сведокот рече дека од 30 сантиметри до 30 метри далечина, во неколку наврати, секој ден пред да се случат убистватат ги гледал на местото...

Обвинителката Фетаи бара екстрадиција на Африм Исмаиловиќ и Алил Демири

Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, на почетокот на рочиштето за случајот „Монструм“ побара од судот да започне постапката за екстрадиција на обвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се на Косово и се недостапни за македонските власти, а по нив е распишана меѓународна потерница. Судијата Огнен Ставрев кажа дека веќе се во контакт со косовските власти за постапката за екстрадиција. Во...

Продолжува судењето за „Монструм“

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година. Претходното рочиште беше одложено поради болест на судијата Осман Шабани. На последното рочиште за „Монструм“ се гледаа аудио и видео снимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година од страна...

Почнува судењето за крвавиот четврток, 28 лица се гонат за тероризам

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, четворица пратеници, оперскиот пејач Игор Дурловски, твитерџијата Богдан Илиевски, режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски, Александар Василевски-Нинџа, денеска ќе седнат на обвинителна клупа, заедно со уште дваесетина други обвинети за крвавото насилство во Собранието на 27 април 2017 година, кога беа нападнати и тешко повредени...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...