fbpx

Кацарска останува да и суди на Јанкулоска, Џолев го одби барањето за нејзино изземање

-

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев го одби како неосновано барањето за изземање на судијката Добрила Кацарска, што на днешното рочиште за „Тенк“ го поднесоа адвокатите на обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

За денешното рочиште предвидено е да бидат сослушани шест сведоци предложени од обвинителството. Судијката Кацарска на почетокот на судењето за овој случај закажа 23 рочишта за помалку од 40 работни дена.

На претходното рочиште беа сослушани вкупно седум сведоци предложени од Обвинителството, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...