Таг: спор

таг: спор

Кристин Лагард прогласена за виновна за невнимателна одлука за трошење јавни пари

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, е прогласена за виновна поради невнимателност во периодот додека сè уште била министерка за финансии на Франција. Таа, како што пишува „Њујорк тајмс“, можеби ќе биде принудена да се повлече од својата функција. На директорката на ММФ ѝ се судеше поради последиците од спорот што во 2008 година го водеше францускиот бизнисмен Бернард Тапие...

Коѕиас не отстапува од ставот дека „кумот го згрешил името на Македонија“

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, не го менува ставот дека „кумот го згрешил името на Македонија“. Откако настапи со истата позиција пред неколку недели во интервју за весникот „Катимерини“, Коѕиас одново го повтори овој свој став во интервју за радиото „Алфа“, говорејќи за грчката надворешна политика, актуелните односи со македонската страна и за мерките за градење доверба. Коѕиас...

Аманатидис: Добри врски не се градат со иредентизам и со фалсификување на грчката историја

Во Македонија сè уште не се созреани условите за да се прифати суштински компромис со Грција околу спорот за името, смета грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис. Одговарајќи на пратенички прашања од Златна зора и од Унијата на центристи околу наводните информации во грчките медиуми дека Грција почнала да ги признава македонските пасоши, Аманатидис објaсни дека грчката влада не направила никаква...

В петок средба Коѕиас – Нимиц во Њујорк

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас в петок во Њујорк ќе има средба со посредникот во спорот за името Метју Нимиц, јави грчката телевизија ЕРТ. Иако во официјалната агенда на Коѕиас за средбите во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации не е најавена средбата, сепак извори од грчкото министерство за надворешни работи за ЕРТ потврдиле дека министерот ќе се...

Бакојани бара Коѕиас да објасни која е црвената линија на грчката влада за името

Екс шефицата на грчката дипломатија и пратеник на Нова демократија, Дора Бакојани бара објаснување од грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас за грчките позиции околу спорот за името со Македонија. Барањето доаѓа по кавгата во неделата меѓу Бакојани и министерот за одбрана Панос Каменос, кој тврди дека грчката национална позиција за името е поставена во 90-те и не дозволува...

Градоначалникот на Боговиње не отстапува од намерата општината да управува со водоводот

Градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи вели дека локалната власт нема да се откаже од намерата да управува со водоводниот систем во Боговиње. Според него барањата на дел од жителите упатени на неколкуте протести кои се одржаа во Боговиње, со водата и понатаму да менаџира локалното население, се неосновани. - Веќе ние како локална власт започнавме да наплаќаме за потрошената...

Груевски: Подготвени сме да разговараме со Грција и да се најде решение

Премиерот Никола Груевски во интервју за британскиот весник „Гардијан“, вели дека е подготвен за повторно отворање дијалог за прашањето со Грција, но доколку има некаков прифатлив предлог, тој ќе биде ставен на изјаснување на референдум. - Ние сме подготвени да разговараме, да се отвори дијалог со нив, како и да се најде некакво решение - вели Груевски во интервјуто. Во текстот, „Гардијан“...

Директорот Лазаревски тврди дека е решен спорот во ОУ „11 Октомври“

Целосно е решен спорот со основното училиште „11 Октомври“, тврди директорот Васко Лазаревски откако Централен регистар му ја уважил жалбата за злоупотреба на потпис од страна на разрешената директорка Даниела Костадинова. - Централен регистар ми ја уважи жалбата и со тоа јас станав официјален директор на училиштето. Штрајк во училиштето немаше. Имаше згрижување на децата од вработените на првите часови...

Палатата „Александар Македонски“ е нова провокација за Грција

Во Грција негативно беше дочекана веста дека уште едно здание во Македонија е именувано по Александар Македонски. Голем дел од грчките медиуми ја пренесоа веста дека Археолошкиот музеј се именува како палата „Александар Македонски“ како нова провокација од македонска страна. Потпаролот на грчкото МНР коментира дека влошувањето на внатрешните проблеми и незадоволството од тоа како се води политиката во Македонија...

Во Грција тивок оптимизам дека преодна влада би била поволен соговорник за компромис за името

Би можела ли потенцијалната преодна влада во Македонија да помогне да се раздвижат во позитивна насока врските со Грција? Весникот „Етнос“ пренесува оценки од грчкото министерство за надворешни работи дека преодната влада би можела да помогне да се направи чекор напред во преговорите за името и полесно да се дојде до формула што би била прифатлива и за двете страни. Сепак,...

Митов: Решението за името да не создаде дополнителни проблеми со другите соседи

Бугарскиот шеф на дипломатијата, Даниел Митов смета дека, потенцијалното решение за името не смее да се дозволи да создава проблеми со другите соседи на Македонија. Според Mитов, Грција има политичка волја за да се најде решение на спорот за името, меѓутоа формулата за решавање на проблемот до сега се покажала како неуспешна. Митов во интервју за грчкиот весник „То Вима“...

Грција од ноември со нови предлози за преговорите за името?

Американскиот државен секретар, Џон Кери, сугерирал дека Грција треба да се обиде од ноември да направи нови предлози во преговорите за името, пренесуваат грчките медиуми. Според информациите на телевизијата „Мега“, грчката страна одговорила позитивно, но истакнала дека овие обиди ќе бидат попусти ако македонската страна не покаже еднакво силна волја за компромис. На состанокот, наводно, било посочено дека не би...

Техничката влада би можела да го реши спорот за името

Откако се потпиша договорот од Пржино, не стивнуваат позитивните реакции во Брисел и обидите да ѝ се помогне на Македонија да ги почне преговорите за членство со ЕУ. Како што извести „Мета“ вчера, со договорот од 15 јули европските дипломати сметаат дека ќе биде полесно да се убедат „Грција и земјите што се кријат зад неа“ да дозволат Македонија да почне...

Иванов: И Грција и ние сме влезени во туѓа игра за името

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во вчерашното интервју за телевизија „Сител“, рече дека прашањето за спорот за името има нова реалност и дека и Македонија и Грција се влезени во туѓа игра, во која интересите ги имаат другите. - Прашањето за името со соседна Грција на некој начин е влезено во поинаква фаза. Имаме нова реалност. Првпат на политичка сцена на...

Руската црква нуди посредништво во спорот меѓу МПЦ и СПЦ

Вториот човек на Руската православна црква, митрополитот Иларион Алфеев, изјавил дека Москва сака да посредува помеѓу Белград и Скопје околу црковниот спор, јавуваат српските медиуми, повикувајќи се на Верската информативна агенција (ВИА). „Руската православна црква не може еднострано да ја признае Македонската православна црква(МПЦ). Тоа треба да се направи на основа на сеправославно решение, а ние сме подготвени да бидеме...

ЕУ бара решение за името „без одложување“

Реториката на Европска Унија во однос на решавање на спорот околу името со Грција во секој нареден извештај сè повеќе се засилува. Во секој извештај се споменува дека Македонија треба да одржува добрососедски односи, да преземе решителни чекори за да најде заедничко прифатливо решение за спорот за името, за што сè почесто го користи зборот „без одложување“. Во заклучоците на министрите за надворешни...

Спорот за името, причина за скандал на генералното собрание на Здружението на европски театри

Спорот за името се испречи и во театарскиот свет во Грција. Имено, Јанис Вурос, уметничкиот директор на Националниот театар на Северна Грција, не дозволи театарската мрежа Нова европска театарска асоцијација (НЕТА) да биде примена во Здружението на европски театри под уставното име. Како што пренесува грчкиот весник „То вима“, Вурос реагирал на идејата НЕТА ,предводена од Благој Стефаноски, да биде заведена во здружението...

СДСМ: Грција сè уште живее во минатото

Недозволиво е министерот за надоворешни работи на Грција, Евангелос Велизелос, да го злоупотребува членството на неговата земја во Европска Унија и од таа позиција да си дозволува да ја условува Македонија во врска со наметнатиот спор. „Ерга омнес“ е нелогично барање на Грција, што не води кон решавање на проблемот, реагираат денеска од СДСМ на вчерашната изјава на грчкиот...

Дипломатите оценија: Спорот за името е главна пречка во евроинтеграциските процеси

Спорот за името со Грција е најважното прашање што Македонија мора да го реши бидејќи тоа е најголемиот проблем што ја сопира државата во процесот на пристапот кон члество во Европска Унија. Ова е генералниот заклучок од дебатата на тема „Евроинтеграциските процеси на Република Македонија од гледиштето на дипломатијата“, која ја организираше Европското движење во Република Македонија. Проф. д-р Димитар Мирчев, поранешен амбасадор...

Нема напредок во преговорите за името

Амбасадорот Метју Нимиц изјави дека не е постигнат напредок кон решение на спорот за името во разговорите што се водеа со преговарачите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. На средбата, која се одржа во зградата на Обединетите нации во Њујорк, посредникот Нимиц не дал нов предлог за решавање на спорот, туку се разговарало за некои од идеите кои биле дадени во минатото. - Разговаравме за...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...